ДРЖАВЕН ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ

    Министерството за образование и наука води постојана грижа за подобрување на квалитетот на образованието и постигањата на учениците во Република Македонија. Еден значаен сегмент за дијагностицирање на конкретните состојби е имањето на стандардизирани објективни индикатори за мерење на нивото на тој квалитет. За таа цел, Државниот просветен инспекторат, во соработка со меѓународни и локални експерти, а со поддршка на Програмата на УСАИД за човеков и институционален развој, изготви Индикатори за квалитет на работата на училиштата. Целта и намената на овие индикатори е да овозможат прецизен увид во работата на образовните институции и да дадат препораки за подобрување. Индикаторите се организирани во седумте клучни области опфатени во рамката за самоевалуација и интегрална евалуација, и затоа тие претставуваат единствена основа за вршење на двата вида евалуација.

    Индикаторите за квалитет на работата на училиштата се во работна верзија и Државниот просветен инспекторат ги користи при вршење на интегралните евалуации. Со цел да можете и вие да ги користите за изработка на самоевалуацијата, како и соодветно да се подготвите за интегрална евалуација.

    Индикаторите (во работна верзија) можете да ги преземете од следниве врски:
ИНДИКАТОРИ ЗА КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА УЧИЛИШТАТА (македонски јазик)
TREGUESIT PËR CILËSI NË PUNËN E SHKOLLAVE (gjuhe shqipe)

    Во моментот се работи на подготовка на индикаторите за печатење, по што секое училиште ќе добие примерок од конечната верзија.