|
СОУ ТАКИ ДАСКАЛО БИТОЛА доби училишен грант од Светска банка/Владата на Холандија и има намера да искористи дел од средствата за прифатливи плаќања за изведување на помали градежни работи и тоа: - доградба и опремување на мултимедијален центар за промоција 2. За договарачите да можат да аплицираат треба најмалку да ги исполнуваат следниве барања: - Постојана работа во областа на градежништвото, посебно во изградба и/или обнова на згради, куќи и јавни установи во изминатите две години; - Успешно извршување на најмалку 3 договори во областа на градежништвото во изминатите 3 години; - Доказ за соодветни простории за работа, опрема и работилници; - Добри препораки од претходни клиенти; - Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти; - ДДВ обврзник 3. Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за деталната техничка спецификација на следнава адреса: СОУ ТАКИ ДАСКАЛО БИТОЛА Тел и факс: 047 220 192 најдоцна до: 02.06.2008 год. Лице за контакт: Ристо Грујовски 4. Деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ. Покана за доставување понуди за помали градежни работи ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2.
|