Македонски Огласи ОУ Пашко Васа - Групчин: Оглас за помали градежни работи
ОУ Пашко Васа - Групчин: Оглас за помали градежни работи
1. Опис на потребните работи: Училиштето Пашко Васа има потреба од замена на врати и прозори во централното и подрачните училишта. Реализацијата на активностите предвидува:
  • демонтажа на постоечките врати и прозори
  • набавка на нови ПВЦ врати и прозорци
  • транспорт на истите до училиштето
  • санирање на оштетувањата на зидовите
2. За договарачите да можат да аплицираат треба најмалку да ги исполнуваат следниве барања:
  • Постојана работа во областа на градежништвото, посебно во изградба и/или обнова на згради, куќи и јавни установи во изминатите две години;
  • Успешно изаршување на најмалку 3 договори во областа на градежништвото во изминатите 3 години;
  • Соодветни простории за работа, опрема и работилници;
  • Добри препораки од претходни клиенти;
  • Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти;

3. Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за деталната техничка спецификација на следнава адреса: ОУ Пашко Васа - Групчиннајдоцна до: 07.07.2008 заклучно со 12 часот 

4. Деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ - Покана за доставување понуди за помали градежни работи ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2.