Македонски Огласи ОУ Фан Ноли, с.Требош-Желино: Оглас за набавка на добра
ОУ Фан Ноли, с.Требош-Желино: Оглас за набавка на добра

1. Опис на потребните работи: Според направените анализи нашето училиште има потреба од набавка на нагледни средства и помагала како и литература и тоа: нагледни средства по географија, биологија,физика, хемија, математика, музичко образование, видео проектори итн. 

2. За договарачите да можат да аплицираат треба најмалку да ги исполнуваат следниве барања:

  • Постојана работа  во купопродажба на нагледни средства, помагала и литература;
  • Успешно изаршување на најмалку 3 договори во областа на купопродажба на нагледни средства и помагала  во изминатите 3 години;
  • Соодветни простории за работа;
  • Добри препораки од претходни клиенти;
  • Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти;

3. Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за деталната техничка спецификација на следнава адреса: ОУ Фан Ноли, с.Требош-Желино, најдоцна до 08.07.2008г. 

4. Деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ - Покана за доставување понуди за нагледни средства, помагала и литература ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2.