Македонски Огласи ОУ Тошо Арсов - Штип: Оглас за набавка на добра
ОУ Тошо Арсов - Штип: Оглас за набавка на добра

Училиштето Тошо Арсов - Штип, доби училишен грант од Светска банка/Владата на Холандија и дел од средствата ќе ги искористи за локално купување на нагледни средства за одделенска и предметна настава.  

1.Во соработка со наставниците и комисијата за набавки се изготви листа на приоритетни потреби: 

- Нагледни средства за одделенска и предметна настава 

2. За договарачите да можат да аплицираат треба најмалку да ги исполнуваат следниве барања:

- Успешно извршување на најмалку 3 договори во изминатите 3 години;

- Добри препораки од претходни клиенти;

- Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти; 

3. Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за деталната техничка спецификација на следната адреса:

ОУ Тошо Арсов  Штип

Булевар ЈНА  бб, Штип

Најдоцна до 24.07.2008г.

4. Деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ - Покана за доставување понуди ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2. 

Огласот ќе трае од 17.07.2008 до 24.07.2008г.