|
ОУ Кирил и Методиј - Тетово: Оглас за помали градежни работи |
|
1. Опис на потребните работи: Училиштето Кирил и Методиј има потреба од замена на подовите во училишната зграда во централното училиште. Реализацијата на активностите предвидува вадење на старата ПВЦ подлога, санирање на оштетувањата, монтажа на ПВЦ подлога. Потребно е изведувачот да поседува капацитети целосно да ги достави потребните материјали како и да ги реализира активностите. 2. За договарачите да можат да аплицираат треба најмалку да ги исполнуваат следниве барања: - Постојана работа во областа на градежништвото, посебно во изградба и/или обнова на згради, куќи и јавни установи во изминатите две години;
- Успешно изаршување на најмалку 3 договори во областа на градежништвото во изминатите 3 години;
- Соодветни простории за работа, опрема и работилници;
- Добри препораки од претходни клиенти;
- Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти;
3. Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за деталната техничка спецификација на следнава адреса: ул. В.С. Бато бб Тетово најдоцна до: 13.08.2008 заклучно со 12 часот. 4. Деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ - Покана за доставување понуди за помали градежни работи ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2.
|