Цели на Проектот за модернизација на образованието

Стратешки цели на проектот
Проектот за модернизација на образованието целосно се вклопува во главните стратешки цели за образованието во Македонија утврдени од Министерството за образование и наука и придонесува за нивното постигнување преку:

  • Поддршка на залагањата на Владата за децентрализација на образовниот сектор помагајќи да се редефинираат улогите на централно, локално и училишно ниво поврзани со планирањето, управувањето, вршењето на образовната дејност и следењето на работата.
  • Зголемување на достапноста до образование на најранливите општествени групи преку воведување на процедури на централно и локално ниво коишто ќе допринесат за зголемување на достапноста на образованието на долгорочен план.
  • Подобрување на квалитетот на учењето и релевантноста на образованието преку развој на одржлив систем за обезбедување квалитет и следење на квалитетот на сите нивоа на образование.
  • Зголемување на ефективноста на училиштата преку развој на стандарди и воведување на форми и процедури за мониторинг и евалуација на ефективноста на училиштата.
  • Реформи во образованието кои ќе допринесат за поефикасна распрделба на средствата и подобрување на резултатите од образованието преку воведување на формула за финансирање, зајакнување на аналитичките капацитети и поставување на информационен систем и преку редефинирање на улогите и зголемување на надлежностите на владините агенции.

Проектот исто така обезбедува усогласена рамка за донаторската помош во образовниот сектор преку поставување на соодветна институционална основа за другите развојни проекти.


Развојни цели на проектот


Цел 1: Унапредување на квалитетот на наставата и учеството во целните училишта преку зајакнување на планирањето и управувањето на училиштата. Клучни индикатори за постигнување на оваа цел: 75 проценти од училиштата кои ќе добијат грантови за развој на училиштата преку проектот ќе имаат мерливи подобрувања или во квалитетот на наставата (тестирано преку оценувањето во училиштата) или во учеството во наставата (мерено на училишно ниво преку зголемени стапки на запишување, посетување и задржување, во зависност од природата на нивните најкритични предизвици).
Цел 2:  Зголемена рамноправност и ефективност во децентрализираниот образовен систем. Клучни индикатори за постигнувањето на оваа цел: а) намалување на разликите помеѓу општините и училиштата врз основа на распределбата на средства по ученик; б) зголемено трошење на средства на неповратни трошоци (на пр. обука на наставниците во текот на работењето) и б) зголемено трошење на средства на учениците кои ќе посетуваат нулта (почетна) година на образование. Освен тоа, плановите кои ќе ги подготват општините кои ќе учествуваат ќе бидат насочени кон унапредување на ефикасноста што ќе се мери преку соодносот ученик/училиште, соодносот ученик/наставник, пропорцијата на наставниците со полно работно време или преку ефикасноста во користењето на капацитетите.