Компоненти на Проектот за Модернизација на Образованието
Проектот за модернизација на образованието се состои од три компоненти:
Компонента 1: Унапредување на квалитетот и учеството во образованието
Целта на оваа компонента е да се унапреди квалитетот на наставата и учеството во образованието во целните училишта преку зајакнување на планирањето и управувањето на училишно ниво, обука на наставниците во текот на работењето и преку имплементација на програмата за училишните грантови. Оваа компонента вклучува четири под-компоненти:

 

Под-компонента: 1.1 Развојно планирање на училиштата
Во рамките на оваа под-компонента училиштата ќе се овластат и обучат:

  • да вршат самоевалуација
  • да го мерат успехот на учениците преку формативно оценување
  • да воведат планови за развој на училиштето

Под-компонента 1.2: Грантови за развој на училиштето (ГРУ)
Под-компонентата ќе обезбеди средства за финансирање на предлозите за грантови на училиштата и истовремено ќе ги постави потребните механизми за нивна имплементација. Оваа по-компонента вклучува пет актвности:

  • Дизајн на процесот на ГРУ
  • Пилот на ГРУ
  • Имплементација на главната програма за ГРУ
  • Информирање на јавноста
  • Евалуација на ГРУ

Под-компонента 1.3:  Оценување во образованието
Во рамките на оваа под-компонента ќе се спроведуваат интерни (формативни) оценувања и екстерни (национални и меѓународни) оценувања за да се следи подобрувањето на квалитетот во училиштата во текот на имплементацијата на Проектот. Активностите кои ја сочинуваат оваа под-компонента се следниве:

  • Зајакнување и развој на Одделението за оценување
  • Воведување на надворешните матурски испити
  • Развој на оценувањето во училиштата.

Под-компонента 1.4:  Обука на наставниците во текот на работењето     
Во под-компонентата ќе се постави систем за акредитација за да се осигура дека услугите за обука на наставниците во текот на работењето се обезбедуваат од страна на повеќе понудувачи и дека тие ги задоволуваат соодветните стандарди за квалитет. Под-компонентата ги вклучува следниве активности:

  • Воведување процедури &  акредитација
  • Развој на сервиси за обука
  • Развој на систем за сертификација/лиценцирање
  • Евалуација на сервисите за обука во текот на работењето

Компонента 2:  Градење капацитети за децентрализирано образование
Целта на оваа компонента е да се изградат капацитети на централната и локалната власт за функционирање во децентрализиран образовен систем. Компонентата се состои од две под-компоненти:
Под-компонента 2.1: Стратешко и финансиско планирање
Под-компонентата ќе овозможи да се зајакнат капацитетите на централната и локалната власт за распределба на јавните средства според главните цели на образовната политика, преку подобрување на стратешкото и финансиското планирање на централно ниво и имплементација на соодветен стратешки образовен модел во пилот општините. Оваа под-компонента се состои од четири активности:

  • Развој на стратешки образовен модел на централно и општинско ниво.
  • Развој и воведување на среднорочна рамка на трошоци
  • Развој на програмски буџет за образовниот сектор
  • Развој на формула за финансирање на образованието по глава на ученик

Под-компонента 2.2: Информационен систем за менаџмент на образованието
Со информациониот систем ќе се зајакнат капацитетите на администрацијата на централно, локално и училишно ниво за собирање на информации со цел на поефикасно управување во вршењето на образовната дејност и обезбедување на поголема транспарентност на севкупниот систем. Под-компонента вклучува пет актвности:

  • Оценка на сегашната состојба и развој на спецификации
  • Развој на софтвер
  • Набавка на хардвер
  • Спроведување на обука

Компонента 3: Менаџмент на проектот
Третата компонента има за цел да обезбеди целосна координација и супервизија на активностите на проектот и да осигура највисок квалитет преку мониторинг и евалуација на проектните индикатори. Компонентата се состои од следниве активности:

  • Координација на сите активности за имплементација на Проектот
  • Управување и обезбедување на сите планирани пакети на техничка асистенција
  • Мониторинг и евалуација на постигнувањата на Проектот, резултатите и буџетот.