Во склоп на вториот ден од програмата на Светскиот образовен форум во Лондон, Велика Британија, Министерот за образование и наука Панче Кралев одржа излагање на тема „Со фокус на Високо образование и доживотно учење: Како технологијата го подржува образованието како систем на учење во кој истражувањето, развојот и размената на идеи прават систем за подобрување на образованието?“
Во своето излагање Министерот Кралев ги претстави искуствата и тековните проекти кои Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука ги преземаат за развој на нашиот образовен систем преку користење на технологија во секојдневниот процес на учење во Високото образование. Министерот ги претстави и проектите за отворање на долго потребните 188 лаборатории во склоп на Универзитетите и јавните институции, креирањето на интегрираната научна електронска дата база во склоп на веб порталот www.nauka.mk.
Министерот ги претстави и нашите идни проекти како доделувањето на техно стартери и старт ап-и преку кои се надеваме да го помогнеме и поттикнеме развојот на технологија и иновативноста кај нашите млади. Министерот исто така ја нагласи успешната соработката и инволвираност на Република Македонија во регионални и интернационални програми, меѓу кои се и европските ФП 7, ЕУРЕКА и ТЕМПУС.Исто така, во текот на денот, Министерот Кралев имаше билатерална средба со Министерот за образование и наука на Република Естонија Јак Авиксо. Министрите разговараа за начинот на интензивирање на соработката помеѓу двете министерства, со акцент на високото образование и просторот за научна соработка помеѓу двете земји.
Најнови конкурси
- Конкурс за Fulbright Student стипендии за академска 2013-2014 година
- Конкурс за доделување на 4 (четири) стипендии на Владата на Народна Република Кина за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации
- Курс за земјоделско инженерство
- Стипендии за постдипломски студии финансирани од Jапонската влада
- Повик на УСАИД за проектни апликации (мрежа на решенија за високото образование)
Министер
м-р Панче Кралев
Министер за образование и наука на Република Македонија

|
КОНКУРС за доделување стипендии ------------------------------ |
|
|





















