Министерот за образование и наука на Република Македонија, м-р Панче Кралев, денес се сретна со Претседателот на Европската академија на науките и уметностите, Проф. Д-р Феликс Унгер,
на кој присуствуваа и Проф. Д-р Радмил Поленаковиќ, член на Европската академија за науките и уметностите од Република Македонија и Проф. Д-р Момир Поленаковиќ, претставник од Македонската Академија на науките и уметностите.

На средбата двете страни изразија задоволство од досегашната соработка помеѓу Македонската и Европската академија на науките и уметностите, со надеж дека соработката се повеќе ќе се интензивира во иднина, со потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу Европската и Македонската академија на науките и уметностите, кој ќе ја формализира досегашната соработка помеѓу двете Академии, што ќе придонесе и за зголемување на соработка со други образовни институции во државата.
Министерот Кралев истакна дека Министерството за образование и наука во склоп на своите ингеренции максимално ја подржува соработката на нашите високо образовни институции и МАНУ со Европската академија.
Проф. Унгер истакна дека Академијата е неодамна основа Европски универзитет кој ќе работи во склоп на Академијата, за кој студентите од Република Македонија се охрабрени и добредојдени да аплицираат.
На состанокот и двете страни изразија надеж дека се повеќе наши еминентни академици, чиј број во моментот е девет, ќе станат членови на Европската академија на науките и уметностите.
Најнови конкурси
- Конкурс за Fulbright Student стипендии за академска 2013-2014 година
- Конкурс за доделување на 4 (четири) стипендии на Владата на Народна Република Кина за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации
- Курс за земјоделско инженерство
- Стипендии за постдипломски студии финансирани од Jапонската влада
- Повик на УСАИД за проектни апликации (мрежа на решенија за високото образование)
Министер
м-р Панче Кралев
Министер за образование и наука на Република Македонија

|
КОНКУРС за доделување стипендии ------------------------------ |
|
|




















