Соопштение

Министерството за образование и наука Ве известува дека второто полугодие од учебната 2011/2012 година започна во сите основни и средни училишта во Република Македонија.
Настава на првиот ден од второто полугодие не се одвива во седум училишта каде што проблемите за одложување на стартот на учебната година се предизвикани од временските услови и проблеми со затоплувањето на просториите каде што се одвива образованиот процес.
Наставата не е започната во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во селот Герман, општина Ранковце поради големи наноси на снег и немање електрична енергија струја. Истите проблеми се причина за неотпочнување на наставата во подрачните училишта на ОУ „Јоаким Крчовски“ во селата Огут и Нерав во општина Крива Паланка. Поради недостиг на нафта за парно греење наставата не е започната во ПОУ „Алија Авдовиќ“ во село Батинци, општина Студеничани, а проблемот со системот за греење е причина за ненавремен старт на второто полугодие во ПОУ „Јосип Броз Тито“ во село Враниште, општина Струга.
Наставата не е започната и во основното училиште во кое учат ученици од селата Брест, Малина и Танушевци поради непреодноста на патиштата, бидејќи поголемиот дел од наставниот кадар не се жители на овие села. Настава на првиот ден од второто полугодие не се одвива и во ОУ „Реџо Рушит Зајази“ во село Строгомиште, општина Зајаз поради проблеми со училишната зграда.

Македонски (Macedonia)Shqip

Министер

м-р Панче Кралев

Министер за образование и наука на Република Македонија

 

 

КОНКУРС за доделување стипендии

------------------------------

Ценовник за оштетени учебници 2011

ucebnici.mon.gov.mk

Акредитирани универзитети и факултети

 

citizenship1