Министерот за образование и наука на Република Македонија, м-р Панче Кралев, денес во Битола, присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата спортска сала во Општинското средно земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“
На отворањето на новата спортска сала, покрај Министерот Кралев, присуствуваше Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, Градоначалникот на Општина Битола, г-дин Владимир Талевски и директорот на средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“, г-дин Зоран Каранфиловски, како и многу граѓани на Општина Битола.
Во своето обраќање Министерот Кралев ја истакна важноста за негување на спортскиот дух и култура во основните и средните училишта, како место во кое се развиваа и гради иднината на нашата држава.
Министерот истакна дека градењето и овозможувањето на современа спортска инфраструктура е основен елемент кој државата може и мора да го овозможи со цел нашите деца како и сите граѓани на Републиката да имаат простор каде што низ текот на целата година бе се вклучиле во спортски активности.
Токму за таа цел, Министерот нагласи, Владата на Република Македонија преку Министерството за образование и наука неуморно работи на проектот 145 училишни спортски сала. Благодарение на овој проект, денес се отвора салата во училиштето „Кузман Шапкарев“, како дел од овој проект веќе е во употреба спортската сала од 650 м2 во Средното економско училиште „Јане Сандански“, додека во фаза на изградба е спортската сала од 1300м2 вклучувајќи и трибини, во Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“. Исто така како дел од овој проект, во веќе постоечките спортски сали во училиштата „Горѓи Наумов“, „Таки Даскало“ и „Јосип Броз Тито“ се доставени дополнителни спортски реквизити потребни за непречено користење на салите.
Најнови конкурси
- Конкурс за Fulbright Student стипендии за академска 2013-2014 година
- Конкурс за доделување на 4 (четири) стипендии на Владата на Народна Република Кина за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации
- Курс за земјоделско инженерство
- Стипендии за постдипломски студии финансирани од Jапонската влада
- Повик на УСАИД за проектни апликации (мрежа на решенија за високото образование)
Министер
м-р Панче Кралев
Министер за образование и наука на Република Македонија

|
КОНКУРС за доделување стипендии ------------------------------ |
|
|




















