Информација

Второто пријавување во првиот уписен рок во средните јавни училишта во Република Македонија во кои имаше слободни места се реализираше на 29 и 30 јуни 2009 година. За вкупно 19.803 слободни места се пријавија 6.671ученик.

 

Од извештаите за бројот на пријавени, запишани ученици како и бројот на слободни места за вториот уписен рок, од средните училишта добиени се следниве податоци:

 

А.

Во Република Македонија во јавните средни училишта во второто пријавување во првиот уписен рок се пријавија вкупно 6.671 ученик од кои:

  • 3 568  ученици за настава на македонски наставен јазик,
  • 2 871  ученик за настава на албански наставен јазик,
  • 189  ученици за настава на турски наставен јазик,
  • 0 ученици за настава на српски наставен јазик и
  • 58 повторувачи

 

  1. Во второто пријавување во првиот уписен рок се запишаа вкупно     4. 729  ученици од кои:
  • 3229  ученици за настава на македонски наставен јазик,
  • 1 390  ученици за настава на албански наставен јазик,
  • 75  ученици за настава на турски наставен јазик.
  • 0 ученици за настава на српски наставен јазик и
  • 35 повторувачи

 

Б. Резултатите од двете пријавувања од првиот уписен рок се следните:

 

Вкупно се запишаа 21.575  ученици од кои:

  • 16.139  ученици за настава на македонски наставен јазик,
  • 5035 ученици за настава на албански наставен јазик,
  • 261  ученици за настава на турски наставен јазик.
  • 0 ученици за настава на српски наставен јазик и
  • 140 повторувачи

 

Слободни места за вториот уписен рок има за вкупно 15.173 ученици од кои:

  • 7.482 ученици за настава на македонски наставен јазик,
  • 6978  ученици за настава на албански наставен јазик,
  • 580  ученици за настава на турски наставен јазик,
  • 34 ученици на српски наставен јазик и
  • 99 за повторувачи

 

В. СПОРЕД ВИДОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

 

Запишани се вкупно:

 

  • 8 069 ученици во гимназиско образование од кои:

Ø      5891 ученик на македонски наставен јазик

Ø      1993 ученици на албански наставен јазик

Ø      138 ученици на турски наставен јазик

Ø      0 ученици на српски наставен јазик

Ø      53 повторувачи

 

  • 13.506 ученици во стручно образование од кои:

Ø      10248 ученици на македонски наставен јазик

Ø      3051 ученици на албански наставен јазик

Ø      123 ученици на турски наставен јазик

Ø      84 повторувачи

 

Слободни места за вториот уписен рок има за вкупно 15. 173 ученици од кои:

 

  • 4.584 ученици во гимназиско образование од кои:

Ø      2 285 ученици на македонски наставен јазик

Ø      2037 ученици на албански наставен јазик

Ø      199 ученици на турски наставен јазик

Ø      34 еници на српски наставен јазик

Ø      29 повторувачи

 

  • 10.589  ученици во стручно образование од кои:

Ø      5 .197 ученици на македонски наставен јазик

Ø      5.129 ученици на албански наставен јазик

Ø      381 ученик на турски наставен јазик

Ø      62 повторувачи

 

Во средните училишта на Град Скопје слободни места за вториот уписен рок има во следниве училишта:

 

Р.бр

Училиште

Вкупно

мак.ј.

алб.ј.

тур.ј.

1

Зеф Љуш Марку

329

 

329

 

2

Јосип Броз Тито

24

 

 

24

3

Кочо Рацин

376

169

170

37

4

Браќа Миладиновци

426

147

279

 

5

Георги Димитров (во стручно)

204

68

136

 

6

Д-р Панче Караѓозов

170

 

170

 

7

Арсени Јовков

31

31

 

 

8

Цветан Димов

238

80

138

20

9

Лазар Танев

208

7

201

 

10

Марија Кири Склодовска

431

255

176

 

11

Здравко Цветковски

425

205

186

34

12

8 Септември

526

120

406

 

13

Владо Тасевски

29

29

 

 

14

Димитар Влахов

344

101

188

55

15

Боро Петрушевски

18

1

17

 

16

Михајло Пупин

622

183

405

34

17

ДМУБЦ„Илија Николовски Луј“ Скопје

37

14

23

 

18

ДУПУ„Лазар Личеноски“

53

21

32

 

19

ДУФК Гим.„Методија Митевски Брицо“ Скопје

8

 

8

 

 

ВКУПНО

4499

1431

2864

204

 

Слободни места за запишување на ученици во вториот уписен рок има во сите општини во Република Македонија. Пријавувањето во вториот уписен рок ќе се спроведе на 19 август 2009 година, а резултатите ќе бидат објавени на 20 август 2009 година.

Во табелата за слободните места, за вториот уписен рок, во Градот Скопје   во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ - Скопје се и предвидените по Конкурс 170 места  за наставата на албански. На второто пријавување  од првиот уписен рок, за наставата на албански јазик, се пријавија 302 ученици. Од пријавените ученици 262 се со ист број на бодови, и според Конкурсот за да се изврши рангирање и прием учениците требаше да полагаат квалификационен испит. Поради одбивањето да полагаат квалификационен испит, не можеше да се изврши избор на пријавените ученици, и според тоа во вториот уписен рок има 170 слободни места за настава на албански јазик.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување според Конкурсот, продолжуваат со запишување на ученици до 31.08.2009 година.

Има 144 гости присутни

Како ви се допаѓа новата веб страна?

Министерство за образование и наука

ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб
1000 Скопје
Република Македонија
тел: +389 2 3117 896
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk
forum
forum