ПРОГРАМА ЗА ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ ЗА ФИЛМСКИ И ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ НА ФАМУ-ФИЛМСКАТА АКАДЕМИЈА ВО ПРАГА

Услови за запишување на кандидати со стипендија

од Република Македонија

 

Тригодишната истражувачка Програма за филмски и дигитален медиум со фокус на пишување сценарио, режија и /или кинематографија, е отворена за сите кои имаат завршен прв циклус на студии од било која област.

Наставата се одржува на англиски јазик и кандидатите мора да потврдат познавање на Англиски јазик најмалку на ниво Б2  од Општата европска рамка за мерила за познавање на јазици - Common European Framework of Reference for Languages, во текот на запишувањето.

Пријавата го вклучува и европскиот документ за познавање на странски јазик (The Europass Language Passport).

 

За пријавување потребно е да се исполнат следните услови:

 

  1. Формулар за пријавување со фотографија 3,5 х 4,5 cm. Формуларот може да се преземе од следната интернет страница www.famu.cz . Потребно е да се пополни компјутерски и испечатената копија со фотографијата да се испрати.

 

  1. Целосна кратка биографија на кандидатот со наведени податоци за академски и уметнички постигнувања.

 

  1. Две писма со препораки од моментални или претходни ментори со потенцирање на очекувањата на кандидатот и мотивите за студирање и  очекуваниот успех

 

  1. Магистерски труд како проект што одговора на следните основни прашања:

-   Која е причината поради која сакате да студирате во Република Чешка?

-   Зошто се одлучивте да се пријавите за студии по филмски и дигитален медиум?

-   Која од целите на студиите претставува одраз на вашето претходно уметничкото творештво?

-   Што претставува цел на развојот на вашата лреативност? Режија, сценарио или кинематографија?

-   Со каков труд би сакале да ги завршите студиите? (например: сценарио, долгометражен / игран филм, документарен филм...)

 

5.  Уметнички приказ – заснован на специјалноста за која се пријавувате:

- режија:

Краток игран или документарен филм (во должина до 10 минути)

Илустриран приказ со фотографии на тема „Средба”

Две теми за краток игран филм

Аудиовизуелен автопортрет во должина од 2 минути

(Сè во формат на лента DV PAL формат, најмалку)

 

- кинематографија:

Краток игран или документарен филм (во должина до 10 минути)

Илустриран приказ со фотографии на тема „Средба”

Аудиовизуелен автопортрет во должина од 2 минути

(Сè во формат на лента DV PAL формат, најмалку)

- сценарио:

Сценарио за краток игран филм или 10 страници од сценарио

Тема за долгометражен игран филм

Две теми за краток игран филм (во должина до 10 минути)

Примерок од сопствено литературно творештво

Аудиовизуелен автопортрет во должина од 2 минути

Сите аудиовизуелни труови треба да се поднесат во DVD формат (без регионални ограничувања) и со превод на Англиски јазик, доколку јазикот на кој се снимени не е англиски.

 

  1. Документ за познавање на странски јазик (The Europass Language Passport) (види погоре)

 

  1. Копија од прв циклус на студии, заверена на нотар.

Во случај дипломата да е на англиски јазик доволно е да се завери на нотар.

Доколку е на друг јазик, потребно е да се направи официјален судски превод, и да се приложи и копија од оригиналната диплома.

 

  1. Потврда за уплатени средства за школарина за кандидатот во висина од 50 евра на сметката на АМУ:

Komercni banka

19-5373180297/0100

Variable code: 3308

Swift code: KOM BC ZPP, IBAN: CZ5301000000195373180297

 

Во процедурата за запишување ќе се земат предвид само пријавите што ќе бидат потполни во однос на горенаведените услови за запишување. Сите документи се приложуваат во два примероци, a филмовите од не-англиско говорно подрачје се приложуваат со превод на англиски јазик и во бараниот формат.

 

Рокови за пријавување:

 

Пријавите и останатите потребни документи за запишување, се поднесуваат во две идентични копии на англиски јазик најдоцна до 30 март 2010 година (одложен рок за кандидатите со стипендија од Република Македонија) на следната адреса:

 

FAMU

Registrar’s Office

Smetanovo nabrezi 2

116 65 Prague 1

Czech Republic

 

Интервјуата за прием ќе се одржат во април 2010 година online преку  компјутерскиот програм Skype. Кандидатите ќе бидат благовремено известени за техничките детали. За успешен пренос на податоците потребна ќе биде минимална брзина на интернет врската од 8MBPS.

Кандидатите треба да се подготвени да извршат дополнителни задачи  за време на online интервју, и за таа цел потребно е да обезбедат дигитална камера.

 

Школарина:

 

Школарината за првата година 2010/2011 изнесува 16 илјади  евра.

Доколку се плаќа на рати , првата рата мора да се плати до 1 септември 2010 година во износ од 8 илјади евра. Целосниот износ мора да биде платен до 28 февруари 2011 година.

Реализацијата на практичните задачи е вклучена во школарината.

 

За повеќе информации обратете се на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 

Има 159 гости присутни

Како ви се допаѓа новата веб страна?

Министерство за образование и наука

ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб
1000 Скопје
Република Македонија
тел: +389 2 3117 896
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk
forum
forum