|
Врз основа на член 31 став 2 од Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 37/98 и 40/03), министерот за образование и наука донесе П Р А В И Л Н И Кза начинот и постапката за прием на студентите во државните студентски домови I. ОПШТА ОДРЕДБА Член 1 Со овој правилник се уредува начинот и постапката за прием на студентите во државните студентски домови.
II. НАЧИН НА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ Член 2 За прием во државните студентски домови (во натамошниот текст: студентски домови) можат да конкурираат: Редовни студенти на факултетите кои имаат помалку од осум семестри (високи школи), а не повторувале студиска година Редовни студенти на факултетите кои имаат осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година Редовни студенти на факултети кои имаат над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години;
Член 3 Редовни студенти кои имаат склучено брак можат да учествуваат на Конкурсот под услови утврдени во точките 1, 2 и 3 од член 2 на овој правилник. Член 4 Студентите запишани по втор пат како апсолвенти не можат да бидат примени во студентските домови. Член 5 Студентите во студентските домови кои го нарушувале куќниот ред на домот, а за што им е изречена воспитна мерка забрана на користење услуги во студентскиот дом, за време определено во изречената воспитна мерка, не можат да бидат примени во студентските домови. Член 6 Студентите во студентските домови кои не ги измириле обврските кон студентскиот дом најдоцна до 5-ти наредниот месец, не можат да бидат примени во студентските домови. Член 7 Приемот на студентите од втора и повисоките студиски години во државните студентски домови се врши според: Успехот во студирањето; Редовноста во студирањето; Семејно-материјалната положба на студентот; Оддалечноста од местото на живеење.
Член 8 По основ на покажан успех во студирањето, бодовите се добиваат врз основа на следната формула: | | | | У = | ОП х 4 + | БрПИ | х 10 | | | ВкБрИ | |
У – успех; ОП - Остварен просек (збир од оцени на положени испити/бр.на испити); Бројот 4 - коефициент за изедначување; БрПИ – Број на положени испити до денот на поднесување на апликацијата за сместување; ВкБрИ – Вкупен број на испити на соодветниот факултет-отсек. По основ на покажан успех во студирањето може да се добие максимум 50 бода. Член 9 По основ на редовност во студирањето може да се добие максимум 25 бода и тоа: студенти од четврта и повисока студиска година, кои сите години ги имаат завршено редовно, добиваат 25 бода студенти кои се трета студиска година и кои сите години ги имаат завршено редовно, добиваат 22 бода студенти кои се од втора студиска година и кои прва година ја имаат завршено редовно, добиваат 19 бода;
Студенти кои во текот на студирањето губеле година, за секоја изгубена година им се одземаат по десет бода. Член 10 По основ на семејно-материјална положба на студентот, бодовите се утврдуваат во зависност од примањата на семејството, односно по член на семејство во однос на просечна исплатена месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци. По овој основ се добиваат најмногу десет бода. Ако примањата по член на семејството се до 35% од просечна исплатена месечна нето плата по вработен во Република Македонија, кандидатот добива максимум 10 бода. Ако истите се над 75%, тогаш истиот не добива бодови по тој основ. Со градација се добиваат следните бодови: - до 35 % 10 бода - од 35% до 45% 8 бода - од 46% до 55% 6 бода - од 56% до 65% 4 бода - од 66% до 75% 2 бода - над 75% 0 бода Член 11 Ако во потесното семејство на кандидатот има член кој студира или учи надвор од местото на живеење, кандидатот добива дополнителни бодови и тоа: - за еден ученик-студент 3 бода - за два ученика-студенти 5 бода - за три и повеќе ученици-студенти 10 бодa Член 12 По основ на оддалеченост од местото на живеење се добиваат следните бодови: - до 50 км 1 бод - од 51 до 100 км 2 бода - од 101 до 150 км 3 бода - над 150 км 5 бода Член 13 За новозапишаните студенти од прва студиска година, наместо редовноста во студирањето и успех во студирањето, утврдени во член 8 и 9 од овој правилник, ќе се пресметуваат бодови од успехот во средното образование, односно просечен успех од оцените од дипломата за завршено средно образование и бодовите предвидени согласно член 10, 11 и 12 од овој правилник. III. ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИЧлен 14 Студентите во рок определен во Конкурсот поднесуваат електронска пријава, која е достапна на интернет страната на Министерството за образование и наука. Член 15 Врз основа на поднесените пријави од член 14 на овој правилник, се врши рангирање од бодовите добиени од: успехот од студирањето, редовноста во студирањето, семејно-материјалната положба на студентот и оддалеченоста од местото на живеење на студентот. Списокот од добиените бодови од став 1 на овој член се објавува на интернет страница на Министерството за образование и наука. Член 16 Студентите кои според списокот од член 15 на овој правилник се избрани за сместување и исхрана во студентските домови треба најдоцна до осум дена од денот на објавувањето на листата да ги достават потребните документи до комисиите. Член 17 Студентите кои ги освоиле потребните бодови за сместување и исхрана во државните студентски домови ги поднесуваат следните документи: Потврда за редовност и успех во студирањето, која се издадава по барање на студентот Изјава и меница од 100 денари од родител-старател за надоместок за подмирување на трошоците за сместување и исхрана Изјава дека ги прифаќаат одредбите од правилникот за куќниот ред на домот; Студентите – брачни другари покрај останатите документи поднесуваат и извод од матичната книга на венчани.
Новозапишаните студенти од прва студиска година наместо документите од алинеја 1 став 1 на овој член, доставуваат диплома за завршено средно образование. Студентите апсолвенти дополнително треба да достават и потврда за запишан зимски семестар, најдоцна до 15 октомври. IV. ОРГАНИ ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ Член 18 Приемот на студентите во студентските домови го вршат комисиите кои се формирани од страна на министерот за образование и наука за секој државен универзитет пооделно. Комисиите се составени од: два претставника од Сојузот на студентите од Универзитетот; еден претставнк од Универзитетот, и два претставника од Министерството за образование и наука.
Член 19 Комисиите ги вршат следните работи: - ја проверуваат на документацијата од член 17 на овој правилник; го утврдуваат прелиминарниот список на примени студенти по државни студентски домови; решаваат по приговори; ја утврдуваат конечна листа на примени студенти по решавањето на приговорите; поднесуваат извештај за својата работа до министерот за образование и наука; вршат и други работи во согласност со овој правилник.
Член 20 Ако комисиите оценат дека поднесените документи од член 17 на овој правилник, не соодвествуваат со податоците внесени во електронската пријава на студентот-кандидат за сместување и исхрана во студентски дом, студентот се изема од конечната ранг-листа. Член 21 Од вкупниот број расположиви места во студентски домови, комисиите обезбедуваат до 20% од вкупните места за студенти кои прв пат ќе бидат запишани на факултетите и високите школи. V. СМЕСТУВАЊЕТО НА СТУДЕНТИТЕ ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ Член 22 Сместувањето на студентите во студентските домови е најдоцна до 10 септември, а за студентите од прва година кои прв пат се запишале на високообразовните институции, рокот за сместување е најдоцна до 10 октомври. Член 23 Студентите кои годината ја запишале условно, најдоцна до месец февруари во тековната година доставуваат потврда за запишана наредна година, како би го задржале статусот на корисник. Испразнетите места ќе се пополнуваат со студенти по редослед од конечната ранг - листа. Член 24 Студентот кој е примен во студентски дом, не може да го отстапи местото на друг студент, освен ако направи размена на местото со друг студент од истиот студентски дом, за што треба да добие согласност од страна на директорот на студентскиот дом. Местото од студентот кој нема да се смести во предвидениот рок или го отстапи на друг студент, ќе се пополни по редоследот од ранг листата. Член 25 Ако во студентските домови останат непополнети маста, истите можат да се пополнуваат со студенти кои не ги исполнуваат условите согласно овој правилник, со тоа што ќе ја плаќаат полната економска цена за сместување и исхрана. VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИЧлен 26 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за условите, начинот и постапката за прием, сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови во Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 52/2000, 50/2002 и 43/2003). Член 27 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Бр. 16-5873/1 МИНИСТЕР, 23 јули 2007 год. Сулејман Рушити, с.р. Скопје
|