|
Врз основа на член 55 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00) и член 54 од Законот за ученичкиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр.52/05), Министерството за образование и наука, распишува КОНКУРС за стипендирање ученици од средното образование за учебната 2007/08 година За учебната 2007/08 година Министерството за образование и наука ќе додели: - 475 стипендии на талентирани ученици од јавното средно образование - 25 стипендии на талентирани ученици од приватното средно образование. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во средните училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови: 1. Редовни ученици, кои освоиле диплома за поединечно освоено I, II или III место на меѓународен натпревар и I и II место на државен натпревар од областа на науката, техниката, културата, уметноста и спортот, соодветни на струката или дисциплината што ја изучуваат, а се организираат од институции надлежни за организирање на државни натпревари од основното и средното образование.Дипломите од уметност, музика и спорт ќе бидат вреднувани само за соодветните училишта.Дипломи освоени на групен натпревар нема да се рангираат; 2. Да имаат постигнат просечен успех во досегашното образование од најмалку 4,5; 3. Да не повторувале година во текот на образованието; 4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми; 5. Да се државјани на Република Македонија. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Начинот на пријавување на кандидатите е преку електронската пријава поставена на веб порталот http://www.raspredelba.gov.mk, почнувајќи од 01.10.2007 година до 17.10.2007 година. Прелиминарниот список ќе се објави на 19.10.2007 година. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ Кандидатите од прелиминарниот список до Министерството за образование и наука, ул.Пролет бр.1 – Скопје, најдоцна до 26.10.2007 год. треба да достават: 1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2007/08 година; 2. Заверени фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието; 3. Препорака од наставничкиот совет на училиштето; 4. Оригинал диплома на увид и заверена фотокопија на нотар за освоено место на државни или меѓународни натпревари, значајни за наставно - научната дисциплина, односно струката што ја изучуваат учениците; 5. Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството (за пензионираните испратница од пензија) за месец август 2007 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата. За невработените членови на семејството, да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат-непримаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат), додека за учениците и студентите потврди од училиштето, односно факултетот; 6. Лична изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија или кредит; 7. Уверение за државјанство на Република Македонија. Документите на кандидатите од прелиминарниот список, кои се некомплетни и неблаговремено доставени, односно не ги запазиле конкурсните рокови и услови, нема да се рангираат. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ Висината на стипендијата за учениците и студентите за учебната 2007/08 година ќе изнесува: - 2.000,00 денари месечно за ученици од средното образование; Кандидатите на кои е доделена стипендија, го задржуваат правото на користење на истата, доколку во текот на школувањето го задржат бараниот успех и условите предвидени со договорот за користење на стипендија. Конечните резултати од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Министерството за образование и наука http://www.mon.gov.mk. Бр. _____________ МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ___________2007 год. И НАУКА Скопје МИНИСТЕР, Сулејман Рушити
|