Македонски Конкурси и тендери К О Н К У Р С за доделување средства за реализација на научно-истражувачки проекти во 2007 година

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

К О Н К У Р С за доделување средства за реализација на научно-истражувачки проекти во 2007 година Array Верзија за печатење Array
28.09.2007

Врз основа на член 45 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија“ број 13/1996 и 29/2002) и член 5 од Правилникот за утврдување на условите и критериумите за доделување средства за поттикнување и помагање на научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ број 3/2005)

 

 

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА распишува


КОНКУРС


за доделување средства за реализација

на научно-истражувачки проекти во 2007 година

 

 

Министерството за образование и наука доделува средства за реализација на научно-истражувачки проекти од сите научни области.

 

1. Право да конкурираат имаат: универзитетите, факултетите и самостојните истражувачи.

2. Во реализацијата на проектот учествуваат главен истражувач со научно звање - доктор на науки и уште најмалку два истражувачи со научно, наставно-научно или соработничко звање, евидентирани во регистерот на Минис­тер­ството за образо­ва­ние и наука.

3. Средства за реализација на проект не се доделуваат за проект доколку главниот истражувач на про­ектот не доставил годишен или завршен извештај за прет­хо­дниот проект или претходниот проект бил негативно оценет.

4. Еден истражувач може истовремено да биде главен истражувач на само еден домашен и на само еден меѓународен проект. Доколку еден истражувач истовремено е главен истражувач на домашен и на меѓуна­роден проект, двата може да бидат финансирани само доколку содржината на про­ектите е различна.

5. Предлог-пријавите се доставуваат во три (3) примероци, а во прилог истите се доставуваат во електронска форма во .pdf формат.

6. Согласно член 8 од наведениот Правилник, се приложува по еден примерок од активата на научни трудови на главниот истражувач и истражувачкиот тим објавени во последните пет години. Потребен услов за учество на конкурсот е во последните три години главниот истражувач да има објавено најмалку четири рецензирани труда, од кои најмалку два треба да бидат објавени во меѓународно списание. За меѓународно научно списание се смета она кое има фактор на влијание (импакт фактор) или во кое по правило повеќе од половината членови на уредувачкиот одбор го сочинуваат вид­ни истра­жувачи што не се од земјата во која се издава списанието. За меѓународните списанија треба кон образецот да се приложи и листа на уредувачкиот одбор на истите.

7. Предлог-проектот се оценува врз основа на следните критериуми:

7.1 придонесот во продлабочувањето и проширувањето на научните(научно - образовните) знаења;

7.2 оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;

7.3 компетентност на главниот истражувач;

7.4 компетентност и професионалност на истражувачкиот тим;

7.5 придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;

7.6 релевантноста на проектот на целите на истражувањето;

7.7 конкурентноста за меѓународна соработка и

7.8 остварливоста на предлог-проектот (финансиска конструкција, мож­нос­ти за примена на резултатите и сл.).

8. Проверка на компетентност на главниот истражувач и истражувачкиот тим може да се изврши преку интерактивна табела приложена на адресата: www.mon.gov.mk.

9. Услов за отпочнување на постапката за рецензирање на завршен извештај е да бидат најмалку два објавени рецензирани труда од истражувањето во рамките на проектот, од кои најмалку еден да е објавен во меѓународно списание.

10. Конкурсот трае 20 дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање. Пријавите кои нема да бидат доставени во овој рок, нема да бидат земени предвид во постапката за нивно оценување и прифаќање.

11. Предлог-пријавите за финансирање на научно-истражувачки проекти (Образец ОБ-1) се добиваат во Министерството за образование и наука или на адресата www.mon.gov.mk.

Предлог-проектите се доставуваат во архивата на Министерството за образование и наука или по пошта на следнава адреса:

 

Министерство за образование и наука

Булевар Илинден бб

1000 Скопје

 

Превземи документи: Упатство, Пријава, Табела за оценка