Македонски Конкурси и тендери Јавен оглас за засновање на работен однос

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Јавен оглас за засновање на работен однос Array Верзија за печатење Array
18.12.2007

Врз основа на член 10 од Законот за научно-истражувачката дејност (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.13/93 и 29/2002), член 5 од Одлуката за основање на Институтот за духовно културно наследство на Албанците бр. 19-6306/1 од 27 март 2007 година (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.45/2007) и член 22 и 23 од Законот за работните односи (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.62/2005), Комисијата за подготовки за почеток со работа на Институтот за духовно културно наследство на Албанците, објавува

 

Јавен оглас за засновање на работен однос

 

I. Се објавува јавен оглас за засновање на работен однос на неопределено време зе следните работни места:

  1. Виш референт за правни работи (еден извршител);
  2. Виш референт за сметководствени работи (еден извршител);
  3. Возач (еден извршител).

Кандидатот под реден број 1 покрај општите услови предвидени со Законот за работните односи, треба да има завршено високо образование-факултет за правни студии и над две години работно искуство во струката.

Кон пријавата кандидатот треба да ги достави следните документи, во оригинал или во заверена копија кај нотар:

  1. Биографија;
  2. Диплома за завршен факултет за правни студии;
  3. Потврда за работно искуство;
  4. Уверение за државјанство.

Кандидатот под реден број 2 покрај општите услови предвидени со Законот за работните односи, треба да има завршено треба да има завршено високо образование-факултет за економски студии, над две години работно искуство во вршење на сметководствени работи.

Кон пријавата кандидатот треба да ги достави следните документи, во оригинал или во заверена копија кај нотар:

  1. Биографија;
  2. Диплома за завршен факултет за економски студии;
  3. Потврда за работно искуство;
  4. Уверение за државјанство.

Кандидатот под реден број 3 покрај општите услови предвидени со Законот за работните односи, треба да има завршено средно образование.

Кон пријавата кандидатот треба да ги достави следните документи, во оригинал или во заверена копија кај нотар:

  1. Биографија;
  2. Диплома за завршено средно образование;
  3. Возачка дозвола Б категорија;
  4. Уверение за државјанство.

Кандидатите ќе бидат повикани на интервју од Комисијата за подготовки за почеток со работа на Институтот за духовно културно наследство на Албанците.

Конкурсот трае 5 работни дена сметано од денот на објавувањето во дневниот печат.

Пријавите со потребната документација се доставуваат препорачано преку пошта или во архивата на Министерството за образование и наука на адреса: Министерство за образование и наука, ул.,,Димитрија Чуповски,, бр. 9 Скопје, со назнака,, За Комисијата за подготовки за почеток со работа на Институтот за духовно културно наследство на Албанците,,.

Некомлетните и ненавремено доставените пријави со документација нема да се разгледуваат.

 

Комисијата за подготовки за почеток
со работа на Институтот за духовно
културно наследство на Албанците