Македонски Конкурси и тендери Конкурс за избор на научни советници, научен соработник, асистент-истражувач и помлад-асистент истражувач од страна на Институтот за духовно културно наследство на Албанците

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Конкурс за избор на научни советници, научен соработник, асистент-истражувач и помлад-асистент истражувач од страна на Институтот за духовно културно наследство на Албанците Array Верзија за печатење Array
18.12.2007

Врз основа на член 10 од Законот за научно-истражувачката дејност (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.13/93 и 29/2002) и член 5 од Одлуката за основање на Институтот за духовно културно наследство на Албанците бр. 19-6306/1 од 27 март 2007 година (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.45/2007), Комисијата за подготовки за почеток со работа на Институтот за духовно културно наследство на Албанците, објавува

 

КОНКУРС

 

I. За избор на научни советници во:

  1. Одделот за албански јазик (еден извршител);
  2. Одделот за албанска книжевност (еден извршител);
  3. Одделот за историја на Албанците во Македонија и за демографските движења (еден извршител);
  4. Одделот за етнологија, историја на уметноста и народната архитектура (еден извршител);
  5. Одделот за меѓусебни културни, историски и јазични врски меѓу Албанците и Македонците со другите народи во регионот (еден извршител).

II. За избор на научен соработник во:

  1. Одделот за албанска книжевност (еден извршител).

III. За избор на асистент-истражувач во:

  1. Одделот за албански јазик (еден извршител);
  2. Одделот за албанска книжевност (еден извршител);
  3. Одделот за етнологија, историја на уметноста и народната архитектура (еден извршител);

IV. За избор на помлад-асистент истражувач во:

  1. Одделот за албански јазик (еден извршител);
  2. Одделот за албанска книжевност (еден извршител);
  3. Одделот за историја на Албанците во Македонија и за демографските движења (еден извршител);
  4. Одделот за меѓусебни културни, историски и јазични врски меѓу Албанците и Македонците со другите народи во регионот (еден извршител).

Кандидатите под точка I, реден број 1, 2, 3, 4 и 5 покрај општите услови предвидени со Законот за работните односи, треба да имаат докторат на науки од подрачјето за кое се избираат, повеќе рецензирани научни трудови објавени самостојно или во соработка со други автори кои имаат значајно влијание за развојот на науката и практиката, да биле главни истражувачи или имаат значаен придонес во реализирањето на програмите и проектите и во оспособувањето на научно-истражувачки кадри.

Кон пријавата овие кандидати треба да ги достават следните документи, во оригинал или во заверена копија кај нотар:

  1. Биографија;
  2. Диплома за завршен научен степен доктор на науки од подрачјето за кое се избираат;
  3. Список на рецензирани научни трудови и по еден примерок од секој труд;
  4. Доказ за учество во програми и проекти;
  5. Уверение за државјанство.

Кандидатот под точка II, реден број 1 покрај општите услови предвидени со Законот за работните односи, треба да има докторат на науки од подрачјето за кое се избира, повеќе рецензирани научни трудови објавени самостојно или во соработка со други автори, учество во научно-истражувачки проекти и има значајни постигнувања во примената на научно-истражувачките резултати и придонес во оспособувањето на научно-истражувачки кадри.

Кон пријавата кандидатот треба да ги достави следните документи, во оригинал или во заверена копија кај нотар:

  1. Биографија;
  2. Диплома за завршен научен степен доктор на науки од подрачјето за кое се избира;
  3. Список на рецензирани научни трудови и по еден примерок од секој труд;
  4. Доказ за учество во научно-истражувачки проекти;
  5. Уверение за државјанство.

Кандидатите под точка III, реден број 1, 2 и 3 покрај општите услови предвидени со Законот за работните односи, треба да имаат магистерски студии од подрачјето за кое се избираат, објавени трудови и постигнати резултати во научни истражувања.

Кон пријавата овие кандидати треба да ги достават следните документи, во оригинал или во заверена копија кај нотар:

  1. Биографија;
  2. Диплома за завршени магистерски студии од подрачјето за кое се избираат;
  3. Список на објавени трудови и по еден примерок од секој труд;
  4. Уверение за државјанство.

Кандидатот под точка IV, реден број 1, 2, 3 и 4 покрај општите услови предвидени со Законот за работните односи, треба да има завршено високо образование, постигнат просечен успех на студиите од најмалку осум и покажува способност за научни истражувања.

Кон пријавата кандидатот треба да ги достави следните документи, во оригинал или во заверена копија кај нотар:

  1. Биографија;
  2. Диплома за завршен соодветен факултет;
  3. Уверение за државјанство.

Кандидатите ќе бидат повикани на интервју од Комисијата за подготовки за почеток со работа на Институтот за духовно културно наследство на Албанците.

Конкурсот трае 7 работни дена сметано од денот на објавувањето во дневниот печат.

Пријавите со потребната документација се доставуваат препорачано преку пошта или во архивата на Министерството за образование и наука на адреса: Министерство за образование и наука, ул.,,Димитрија Чуповски,, бр. 9 Скопје, со назнака,, За Комисијата за подготовки за почеток со работа на Институтот за духовно културно наследство на Албанците,,.

Некомлетните и ненавремено доставените пријави со документација нема да се разгледуваат.

Избраните кандидати ќе засноваат работен однос за времето за кое се избрани.

 

Комисијата за подготовки за почеток
со работа на Институтот за духовно
културно наследство на Албанците