Македонски Конкурси и тендери КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ВО 2008 ГОДИНА

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ВО 2008 ГОДИНА Array Верзија за печатење Array
28.12.2007

ОДБОРОТ  ЗА  ДОДЕЛУВАЊЕ  НА  НАГРАДАТА  “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

РАСПИШУВА

 

К О Н К У Р С

 

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ВО 2008 ГОДИНА

 

 

Со наградата “Гоце Делчев”  се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области на науката од интерес  на Република Македонија.

 

Наградата во 2008 година се доделува за научно остварување објавено во 2007 година.

 

Наградата под услови определени со Законот за државните награди(“Службен весник на РМ “ бр. 52/2006) и со овој конкурс се доделува на поединци или на група творци од земјата или од странство.

 

            Право на конкурирање имаат дела од еден автор или група автори šшто се одделно објавени, се рецензирани и каталогизирани. За датум на објавувањето се смета датумот šшто е содржан во ЦИП - от на публикацијата.

 

Поединец или група творци може да биде добитник на наградата за остварување во истата област само еднаш.

 

            Член на група творци може како поединец да биде добитник на наградата за  друго остварување и во истата област.

 

            Предлози за доделување на наградата можат да поднесат: Македонската академија на науките и уметностите, факултетите, научните установи, истражувачко-развојните единици во стопанството, научни и стручни здруженија и граѓани.

 

            Предлогот за доделување на наградата треба да биде образложен и да содржи биографски податоци, адреса на живеење, податоци за остварените резултати во областа во која работи или твори предложениот поединец или група творци со ПОСЕБНА НАГЛАСКА НА ЗНАЧЕЊЕТО НА ОСТВАРУВАЊЕТО ЗА КОЕ СЕ ПРЕДЛАГА ЗА НАГРАДАТА.

        

            Предлогот за доделување на наградата треба да биде приложен во 22 примероци. Кон предлогот треба да бидат приложени најмалку 12 примероци од научното остварување.

 

            Предлозите за доделување на наградата треба да се поднесат до 15. 02. 2008 година на адреса:

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА  ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Одбор за доделување на наградата “Гоце Делчев”

“ Илинденска” бб

Скопје

тел:3118-022 лок.384

                                        

Некомплетните предлози и предлозите доставени по определениот рок нема да бидат разгледувани.

 

                                                                   

ОДБОР ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА
“ГОЦЕ  ДЕЛЧЕВ”