|
Врз основа на член 4 од Правилник за постапката и начинот на полагањето на испитот за директор на основно училиште, како и формата и содржината на уверението ("Службен весник на Република Македонија" број 36/2005) и член 4 од Правилник за постапката и начинот на полагањето на испитот за директор на средно училиште, како и формата и содржината на уверението ("Службен весник на Република Македонија" број 36/2005), Министерството за образование и наука - Комисија за полагање на испит за директор на основно и средно училиште, објавува КОНКУРСза пријавување на кандидати за подготовка за полагање на испит за директор на основно и јавно средно училиште Министерството за образование и наука - Комисија за полагање на испит за директор на основно и средно училиште објавува дека од 20 јануари заклучно со 10 јуни 2008 година трае пријавувањето на кандидатите за подготовка за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште. На овој конкурс може да се пријават сите кандидати кои ги исполнуваат условите за директор на основно, односно средно училиште утврдени во Законот за основното образование, односно во Законот за средното образование. Кон пријавата кандидатот треба да приложи: - Диплома за завршено соодветно образование (оригинал или копија заверена на нотар);
- Потврда за работно искуство во воспитно-образовна дејност во установи верифицирани од Министерството надлежно за образование;
- Уверение за стекната педагошко-психолошка и методска подготовка (ако кандидатот има стекнато образование на ненаставнички факултет или ненаставна група на факултет)
- Кратка работна биографија (резиме, Цуррицулум витае); и
- Лекарска потврда за психофизичката состојба на кандидатот.
На сите кандидати кои ги исполнуваат условите за подготовка за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште ќе им се издаде потврда со која ќе можат да се пријават во акредитираните установи за подготовка за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште. Пријавата со документацијата се доставува по пошта или директно во архивата на Комисија за полагање на испит за директор на основно и средно училиште чие седиште е во Министерството за образование и наука, ул. ,,Димитрија Чуповски,, бр. 9 Скопје Некомплетните документи и пријавите кои ќе пристигнат по рокот утврден во овој конкурс нема да се земат во предвид. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА Документи: - Молба за полагање на испит за директор .doc .pdf
- Пријава за подготовка за кандидат за директор .doc .pdf
- Жиро-сметка за испит за директор и за издадена потврда .doc .pdf
|