|
Конкурс за доделување средства за објавување на научни книги и научни списанија во 2008 година |
Array Верзија за печатење Array |
|
06.02.2008 |
|
Врз основа на член 45 од Законот за научноистражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/ 96 и 29/ 02) Министерството за образование и наука распишува Конкурс за доделување средства за објавување на научни книги и научни списанија во 2008 година - Министерството за образование и наука во 2008 година доделува средства за објавување, односно за финансирање на дел од печатарските трошоци за печатење на научни книги и научни списанија.
- Право да конкурираат имаат универзитетите, факултетите, другите научни установи и самостојни истражувачи запишани во Регистарот на научни установи кој се води во Министерството за образование и наука, трговските друштва чија основна дејност е издавањето на книги, друштвата за наука, здруженија на граѓани, сојузи и други облици на нивно поврзување.
- Авторот на научната книга треба да има формална квалификација за самостојна научна работа, односно научно звање доктор на науки или магистер.
- Средства ќе се доделуваат врз основа на Правилникот за утврдување на условите и критериумите за доделување на средства за поттикнување и помагање на научноистражувачка дејност (“Службен весник на РМ” бр.3/ 05, 44/ 06 и 20/ 07), а во согласност со расположивите средства на Министерството за образование и наука.
- Пријавите и обрасците со потребната документација се добиваат во Министерството за образование и наука ( бул. “Илинден” б.б.) или на web страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk
- Пријавите и обрасците задолжително треба да бидат пополнети на машина за пишување или на компјутер.
Пријавите со некомплетна документација или ненавремено доставени, нема да се примаат, односно нема да бидат земени предвид при одлучувањето. Конкурсот трае 30 дена од денот на објавувањето во информативните гласила. Пријавите со комплетна документација се доставуваат во архивата на Министерството за образование и наука, или по пошта, на адреса: Министерство за образование и наука Бул. “Илинден”б.б. 1 000 Скопје Документи: - Образец бр. 2 .doc .pdf
- Образец бр. 3 .doc .pdf
- Пријава за предлог за финансирање на научен труд .doc .pdf
- Пријава за предлог за финансирање на научно списание .doc .pdf
|