Македонски Конкурси и тендери Конкурс за заеднички научно-истражувачки проекти со Турција

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Конкурс за заеднички научно-истражувачки проекти со Турција Array Верзија за печатење Array
13.02.2008

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Бул. “Илинден” б.б. Скопје

 

распишува

 

К  О  Н  К  У  Р  С

за заеднички научно-истражувачки проекти со Република

Турција (ТУБИТАК) за 2008 година

Конкурсот е отворен за: универзитетите, факултетите, другите научни установи и самостојни истражувачи.

Застапени се следните научни подрачја: медицински, природно-математички, висока технологија на материјали, енергија и околина, генетско инжењерство, земјоделие, ветеринарство, геологија и земјотресно инжењерство и информатика.

Неопходни услови за учество на конкурсот:

Согласно со Правилникот за утврдување на критериумите за доделување на средства за поттикнување и помагање на научно-истражувачката дејност (Сл. Весник на РМ бр.3/2005 член  8) во реализација на проектот учествуват:

  • главен истражувач со научно звање доктор на науки и најмалку уште два истражувачи со научно или наставно звање евидентирани во регистерот на Министерството за образование и наука,

  • <!--[endif]-->главниот истражувач ги приложува своите трудови (хронолошки список и по еден по можност отпечаток од секој труд), објавени во последните пет години, од кои во последните три години да има објавено најмалку четири рецензирани труда, од нив најмалку два треба да бидат објавени во меѓународно научно списание.

  • Предлог-пријавите за финансирање на научно-истражувачки проекти (образец ОБ-1) се добиваат во Министерството за образование и наука или на веб адресата:  www.mon.gov.mk

Краен рок за поднесување на предлог-проектите: 28 април 2008 година.

 

            Подетални информации, поврзани со конкурсот можат да се добијат на горенаведена веб адреса на МОН, како и на тел: 3118-022, локал 131, лице за контакт Ханифе Дарлишта.