|
Објавен во "Дневник"на 13.02.2008 год., во "Коха" и "Заман" Врз основа на Правилникот за утврдување на услови и критериуми за доделување на средства за создавање на научно-истражувачки кадри, Министерството за образование и наука распишува К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ ЗА ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ И СТИПЕНДИИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ДОКТОРАТ ВО УЧЕБНАТА 2007/2008 ГОДИНА 1. Стипендии за последипломски студии ќе се доделат за следните научни области: - природно-математички и техничко-технолошки науки.........50
- биотехнички ,медицински науки и здравство......................15
- општествени и хуманистички науки....................................55
Кандидатите кои ќе конкурираат треба да ги исполнуваат следните услови: - да имаат завршен факултет и постигнат просечен успех од најмалку 8,50;
- да се запишани прв пат во прва година во учебната 2007/2008 година и од кога започнува првиот семестар;
- да се запишани прв пат во втора година во учебната 2007/2008 година и да имаат положено најмалку 1/2 од предвидените испити од прва година;
- да им се обезбедени услови за обавување на последипломските студии;
- да не се постари од 27 за прва, односно 28 години за втора година, на денот на конкурирањето;
- да не се во работен однос (на определено или неопределено време);
- да знаат еден од светските јазици;
- да не се корисници на стипендија од други даватели;
2. Под условите предвидени во точка 1 можат да конкурираат и кандидати кои се запишани на последипломски студии во странство за научни дисциплини кои не се организираат на Универзитетите во Република Македонија. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: - уверение за завршен факултет (со сите оценки);
- потврда од факултетотот-институтот дека кандидатот е запишан прв пат во прв или втор семестар во уч.2007/2008 година,од кога започнува семестарот и колку траат студиите;
- потврда од факултетот-институтот дека во уч.2007/2008 година е запишан прв пат во трет семестар и уверение за предвидени и положени испити од првата година од последипломските студии ( се однесува на лица кои ќе конкурираат прв пат за втората година од последипломските студии);
- извод од матичната книга на родените;
- потврда од факултетот- институтот дека на кандидатот му се обезбедени услови за следење на последипломските студии;
- потврда од Агенцијата за вработување на РМ дека кандидатот не е во работен однос (на определено или неопределено време);
- диплома или уверение за познавање на еден од светските јазици;
- своерачна изјава дека не е корисник на стипендија за последипломски студии од други даватели (заверена на нотар);
Кандидатите кои ќе конкурираат за дисциплини кои не се организираат на универзитетите во Република Македонија покрај горенаведените документи потребно е да достават и потврда од државните и приватните универзитети дека дисциплината на која се запишани е дефицитарна. 3. За стекнување на докторат во земјата и во странство ке се доделат стипендии на 20 кандидати. Кандидатите кои ќе конкурираат за стекнување на докторат во земјата и странство треба да ги исполнуваат следните услови: - да им е прифатена темата за изработка на докторски труд , односно да се запишани на докторски студии;
- да им се обезбедени услови за обавување на докторатот, односно докторските студии;
- да не се во работен однос;
- да не се постари од 35 години на денот на конкурирањето;
- да знаат еден од светските јазици;
- да не се корисници на стипендија од други даватели.
Кандидатите кои конкурираат за стипендија за стекнување на докторат во земјата, потребно е да имаат и завршено последипломски студии.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: - уверение за завршени последипломски студии и постигнат успех;
- одлука дека насловот на докторскиот труд е прифатен од Наставно-научниот совет на факултетот-институтот, односно потврда дека во учебната 2007/2008 кандидатите се запишани на докторски студии;
- потврда од факултетот-институтот дека на кандидатите им се обезбедени услови за следење на докторските студии;
- извод од матичната книга на родените;
- потврда од Агенцијата за вработување дека кандидатот не е во работен однос (на определено или неопределено време);
- диплома или уверение за познавање на еден од светските јазици;
- своерачна изјава дека не се корисници на стипендија за стекнување на докторат од други даватели (заверена на нотар).
4. Документите кои се издаваат од институциите од другите земји потребно е да бидат преведени од овластен судски предедувач. 5. Потребните документи за доделување на стипендија за последипломски студии и стипендии за стекнување на докторат во земјата и странство може да се доставуваат во оригинал или нотарски заверена копија. 6. Рокот за пријавување на кандидатите за користење на стипендии за последипломски студии и за стекнување на докторат е 30 дена од денот на објавувањето на конкурсот. Потребните документи по Конкурсот, се поднесуваат исклучиво лично во Министерството за обрзование и наука. Некомплетните документи и документите доставени по изминатиот рок нема да се примаат. Пријавата по конкурсот со упатството за потребната документација која треба да ја приложат во врска со конкурсот, заинтересираните лица можат да ја подигнат во Министерството за образование и наука или на Веб страната на МОН www.mon.gov.mk Министерство за образование и наука Ул.Илинденска бб 1000 Скопје
Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука или на телефон 3118-022 и 3222-242 локал 125.
Документи: - УПАТСТВО за потребната документација која треба да се приложи во врска со конкурсот за доделување стипендија за последипломски студии во земјата и странство
- ПРИЈАВА за доделување на стипендии за последипломски студии во земјата и странство во учебната 2007/2008 година
- УПАТСТВО за потребната документација која треба да се приложи во врска со конкурсот за доделување стипендии за стекнување на докторат во земјата и странство
- ПРИЈАВА за доделување на стипендии за стекнување на докторат во земјата и странство во учебната 2007/2008 година
|