|
СТУДИСКИ СТИПЕНДИИ ЗА МАСТЕР ОД ОБЛАСТА НА АРХИТЕКТУРАТА ВО ЗДРАВСТВОТО - АР.ре. СА- ПРОГРАМИРАЊЕ, ПРОЕКТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ НА САНИТАРНИТЕ СТРУКТУРИ, БОЛНИЦИ И ИМОТИ ВО ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ
Институција организатор: Универзитетот “Ла Сапиенца” од Рим - Факултет за архитектура, Виалле Гиулиа и оддделот ИТАЦА.
Цели: Мастерот е предвиден за 20 кандидати кои поседуваат диплома за градежно инженерство и архитектура (со 5 годишни студии), по можност со дипломска теза на тема проектирање, реализирање и оддржување на објекти, како и за млади универзитетски доценти или технички експерти кои работат во здравствениот сектор (министерство за здравство, здравствени институции, канцеларии за проектирање и оддржување на болници итн.). Има за цел усвојување на методи, знаења и стручност во програмирањето на различни типологии на здравствени објекти, во програмирањето на активностите за оддржување на објекти како и проектирање на образовни курсеви на универзитетско ниво во рамки на обработените теми.
Програма: Курсот ќе се одвива на следниот начин; - Фаза 0: Подготвување на проектот:
- егзекутивна подготовка,
- идентификација и селекција на корисниците,
- подготвување на курс во зависност од професионалните знаења кои треба да се стекнат
- ажурирање на дидактичкиот центар и на он-лине услугите за техничка асистенција при проектирањето и реализацијата на градбата на здравствените објекти во Земјите во равој
- Фаза 1: Базичен курс
- Фаза 2: Курс за специјализирана обука - И дел и студии за индивидуални истражувања
- Фаза 3: Стажирање
- Фаза 4: Курс за специјализирана обука - ИИ дел
- Фаза 5: Њорксхоп и Фоллоњ уп
Детални информации за мастерорт и за дидактичките активности можат да се добијат на следната веб страница; http://w3.uniroma1.it/masterbmvo
Место: Италија
Времетраење: 10 месеци (од 8 април 2008 до 8 февруари 2009 година)
Стипендијата: Предвидува авионски превоз од и кон земјата на потеклото на кандидатот; сместување, исхрана и паричен надомест за првично сместување, осигурување за време на целиот престој во Италија
Услови: Диплома за градежно инженерство и архитектура (со 5 годишни студии), по можност со дипломска теза на тема проектирање, реализирање и оддржување на објекти, како и за млади универзитетски доценти или технички експерти кои работат во здравствениот сектор (министерство за здравство, здравствени институции, канцеларии за проектирање и оддржување на болници итн.). Одлично познавање на англискиот јазик, а по можност познавање и на италијански јазик.
Процедура: Сите информации за мастерот и формуларот за пријавување се достапни на следната веб страница на универзитетот: http://w3.uniroma1.it/masterbmvo/Scheda_curriculumsint.pdf На барањето кое треба да биде испратено до Амбасадата на Италија, треба да биде приложена биографија, диплома, фотокопија од пасош и изјава за враќање во матичната држава по завршувањето на мастерот. Термин за поднесување на барања:27 февруари 2008 година
|