Македонски Конкурси и тендери КОНКУРС за доделување финансиски средства за софинансирање развојно-истражувачки проекти во 2008 година

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

КОНКУРС за доделување финансиски средства за софинансирање развојно-истражувачки проекти во 2008 година Array Верзија за печатење Array
11.03.2008
  1. Во функција на поттикнување и помагање на технолошкиот развој во Република Македонија, ќе бидат доделени средства за софинансирње развојно-истражувачки проекти, чија реализација ќе придонесе за:
    • развој на сопствени нови производи и технологии;
    • подобрување на постојни технологии или технолошки процеси;
    • подобрување на квалитетот на живеење од аспект на хуманизација   на трудот  и заштита на животната средина;
    • изградба на неопходна технолошка инфраструктура или подобрување на постојната.
  2. Право на користење на средства по овој конкурс имаат субјектите на технолошкиот развој, утврдени во Законот за поттикнување и помагање на технолошкиот развој. Еден субјект/носител на проект може да поднесе само еден предлог-проект.
  3. Предложените проекти треба да претставуваат заеднички интерес на науката и стопанството. Приоритет ќе имаат краткорочни проекти (6-12 месеци) чии носители се стопански субјекти.
  4. Главен истражувач во проектниот тим треба да е доктор на науки од областа третирана во предлог-проектот и истиот не може да биде главен истражувач на повеќе од еден предлог-проект.
  5. Носителот на проектот,  со посебна одлука гарантира сопствено финансиско учество  во реализација на проектот (најмалку 70% од вкупната вредност на проектот). Министерството софинансира до 30% од вкупната вредност на проектот.
  6. Носителот на проектот треба да приложи важечки документ од надлежен суд (оригинал или заверена фотокопија), со кој се потврдува дека за носителот на проектот не е отпочната постапка за стечај или ликвидација.
  7. Носителите на проектите кои  ќе бидат селектирани за софинансирање ќе треба дополнително да презентираат и важечки документ за својот економско-финансиски бонитет, издаден од Централниот регистер на РМ (оригинал или заверена фотокопија).
  8. Предлог-проектите подлежат на анонимно експертско оценување.
  9. Рокот за поднесување на предлог-проектите, заедно со формулар за пријавување и останатата потребна документација (наведена во точките 5 и 6) е 7.април 2008 год.
  10. Некомплетни документи нема да бидат разгледувани.
Сите потребни информации можат да се добијат во Министерството за образование и наука - Одделение за технолошки развој и техничка култура (бул.,,Илинден,, бб, Скопје),тел.: 3118-022 и 3115-324, локали 219 и 126 или на www.mon.gov.mk