Македонски Конкурси и тендери Конкурс за стипендии за учење трета и четврта година во СВЕТСКИ ОБЕДИНЕТ КОЛЕЏ

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Конкурс за стипендии за учење трета и четврта година во СВЕТСКИ ОБЕДИНЕТ КОЛЕЏ Array Верзија за печатење Array
14.03.2008

Министерството за образование и наука објавува

КОНКУРС

За стипендии за државјани на Република Македонија  за учење трета (3) и четврта(4) година на средно образование за учебната 2008/2009 година во СВЕТСКИ ОБЕДИНЕТ КОЛЕЏ

  1. АДРИАТИК -ОБЕДИНЕТ СВЕТСКИ КОЛЕЏ во ДУИНО ИТАЛИЈА
  2. ОБЕДИНЕТ СВЕТСКИ КОЛЕЏ во ХОНГ КОНГ - КИНЕСКА ДИМЕНЗИЈА

Кандидатите  треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да се редовни ученици во втора година средно образование со четиригодишно траење;
  • солидно познавање на англискиот јазик (усмен и писмен, флуентен англиски јазик);
  • да се карактеризираат со проактивен приод за извршување на секојдневните обврски, подготвеност за тимска работа, толерантност и да покажуваат интерес за учество во вонучилишните активности.
Потребни документи:
  • Молба ( со адреса на место на живеење и контакт телефон)
  • Куса биографија( на македонски и англиски јазик)
  • Ученичка книшка ( оригинал или заверен препис на нотар и превод на англиски јазик, со оценките од првото полугодие на втора година за учебната 2007/2008 година)
Документите се поднесуваат во Министерството за образование и наука  на ул. Димитрие Чуповски бр.9 Скопје.
Контакт телефон : 02 3222038
Конкурсот трае 5(пет) дена од денот на објавувањето.