|
КОНКУРС за доделување државни стипендии за студии во високообразовни установи на Руската Федерациjа |
Array Верзија за печатење Array |
|
24.03.2008 |
|
Владата на Руската Федерациjа за 2008/2009 академска година доделува 10 (десет) државни стипендии од кои 7 (седум) за редовни студии и 3 (три) за постдипломски студии во Русиjа. Неопходни документи за приjавување: - приjава (Application Form);
- копиjа од сертификатот за завршено образование заверена каj нотар;
- лекарско уверение заверено од официjалната државна здравствена установа;
- потврда за извршен медицински тест за ХИВ-вирусот, заверена од официjалната државна здравствена установа;
- копиjа од изводот од матичната книга на родените заверена каj нотар;
- копии од страниците на пасошот со основните податоци за составување покана за студии (броj на пасошот, рок на важење не помалку од 1,5 година до влегување во Русиjа);
- 8 фотографии 4х6 цм.
Документите да се достават во 2 (два) примероци. Краен рок за приjавување 05.04.2008 година. Формулари за поднесување на кандидатите, како и подетални информации можат да се добиjат во Министерството за образование и наука бул. «Илинден» б.б. Скопjе или на телефон: (+02)3118-022 локал 222, г-дин Гоце Видановски. Конкурсот исто така е обjавен на веб страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk и на веб страната на Амбасадата на Руската Федерација www.russia.org.mk.
|