Македонски Конкурси и тендери Известување за можност за студирање на Рускиот Универзитет People's Friendship University of Russia (PFUR) со партиципација

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Известување за можност за студирање на Рускиот Универзитет People's Friendship University of Russia (PFUR) со партиципација Array Верзија за печатење Array
24.03.2008

Водечкиот Руски Универзитет во областа на Меѓународното Образование - People's Friendship University of Russia (PFUR) нуди можност за студирање на интернационални студенти со партиципација.

Годишната школарина за упис на редовни студии на факултетите (универзитетските колеџи) изнесува од 2500 до 3750$, а за упис на магистерските студии изнесува од 3100 до 5900$.

Над 50.000 странци од 164 земји имаат студирано и дипломирано на Универзитетот, кој го комбинира класичното  високо образование со вообичаените животни цели на образованието учејќи ги младите во духот на заедничко разбирање и патриотизам.

Од 1998 год.  на Универзитетот се основани 10 факултети (универзитески колеџи) на дво-степен систем на високо образовна обука (Bachelor-Master). Академскиот персонал го сочинуваат 1900 предавачи и професори (1300 доктори на науки). Пријавувањето на Универзитетот е во периодот од 1 мај до 30 август.

Дополнителни информации за условите за пријавување и формулари можат да се добијат на веб страницата www.rudn.ru, како и во Министерството за образование и наука, контакт тел. 3118022 лок.219.