Македонски Меѓународна соработка Билатерална соработка

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

БИЛАТЕРАЛНА НАУЧНО-ТЕХНОЛОШКА СОРАБОТКА Верзија за печатење

 

Под поимот билатерална соработка се подразбира соработката која се одвива помеѓу две земји, а во рамките на претходно потпишана Спогодба за соработка во областа на образованието и науката помеѓу Владите на две земји. Билатералната соработка се реализира врз основа на реципроцитет.

Основни форми, според кои се остварува оваа соработка се:

• индивидуални усовршувања;
• размена на експерти;
• соработка помеѓу високошколските установи;
• доделување на стипендии;
• заеднички научно-истражувачки проекти;
• размена на информации и публикации, како и други форми на соработка за кои дополнително ќе се договорат двете страни.

Со цел поуспешно спроведување на одредбите од Спогодбата, како и за решавање на прашањата кои би можеле да произлезат од истата, договорните страни изготвуваат и Извршна програма (Работна програма), која може да биде едногодишна или повеќегодишна.

Активностите поврзани со спроведување на одредбите од Спогодбите ги извршува Мешовит комитет (Комисија), составена од 3 претставници на двете земји.

Почнувајќи од периодот на осамостојувањето, па до денес, Република Македонија има потпишано 15 Спогодби за билатерална научно-технолошка соработка со следните земји: Албанија, Бугарија, Велика Британија, Словенија, Хрватска, Србија, Франција, Египет, Кина, САД, Русија, Украина, Белорусија, Италија, Германија.
Сите наведени Спогодби се ратификувани.