|
Програми за работа и проекти за техничка култура Техничката култура ја остваруваат носители на дејноста на кои им е доверено вршење на јавно овластување од МОН. Јавно овластување се доверува доколку: • природата и областа на активност е техничката култура; • активноста дава придонес за пошироката јавност и овозможува користење на услуги; • располага со соодветен организационен капацитет за реализирање на дејноста ( материјално технички и кадровски услови); • искуството во техничката култура е над три години; Програмите за работа и проекти за техничка култура се реализираат во домовите за техничка култура во: Берово, Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Неготино, Прилеп, Ресен, Скопје, Струмица, Тетово, Штип и во домот на Републичката организација на народна техника во Скопје. Домовите за техничка култура располагаат со: кабинети, лаборатории, работилници и опрема за различни видови технички активности. Програмите за работа опфаќаат активности на: • млади техничари и природници; • млади истражувачи; • фото клубови; • кино клубови; • радиоаматери; • пронаоѓачи и автори на технички унапредувања; • астронаутички, ракетни и бродомоделарски организации; • клубови за подводни активности; • здруженија за техничка култура во стопанството; • наставници и професори по техничко образование; Министерството за образование и наука, во техничката култура софинансира: • меѓународни манифестации; • државни манифестации; • регионални манифестации; • општински и клубски манифестации; Материјални трошоци за техничка култура МОН наменува средства за остварување на програмските активности на носителите на дејноста во согласност со реалните потреби. Инвестиции во објекти и набавка на опрема МОН наменува средства за инвестиции во домовите за техничка култура кои се однесуваат за реконструкција и санација на објектите и нивно опремување со современа информатичко-сметачка опрема, мерни инструменти и уреди, телекомуникациони релејни уреди и др.
|