|
Република Македонија настојува да биде рамноправен и респектабилен член во европското и светското опкружување и тоа е нејзина трајна орентација. Таа е цврсто решена да чекори по патеките на современо уредување на државата, каде образованието и обуката, културата, науката и иновациите преставуваат клучни фактори за добросостојбата на нејзините граѓани и jакнење на националната економија. Министерството за образование и наука на Република Македонија има општествена одговорност да создаде услови за унапредување на образованието и можности за зголемување на добросостојбата на граѓаните. Последиците од активностите што ги презема Министерството се долгорочни и силни и имаат директно влијание врз животот на секој граѓанин. Условите и можностите за превенција и компензација кои Министерството ги создава на планот на образованието и обуката, истражувањето, развојот и афирмацијата на културните вредности се од суштинско значење за животните определби на младите и возрасните.
|