|
Информација За стипендирање на талентирани студенти, како и студентски кредити за учебната 2006/07 година Согласно Законот за ученички и студентски стандард, Министерството за образование и наука на почетокот на секоја учебна година распишува Конкурс за доделување на стипендии за талентирани ученици и студенти, како и студентски кредити. Стипендиите или кредитите се исплаќаат за девет месеци од годината од октомври до јуни. Во системот на студентско стипендирање и кредитирање, Министерството за образование и наука за учебната 2006/2007 год. ги прифати апликациите на: Табела 1-Стипендии и кредити за учебна 2006/07 год. | Реден број | Вид на стипендија/кредит | Вкупно корисници | Месечен износ | | 1 | Стипендија за талентирани студенти | 1.583 | 3.300 | | 2 | Студентски кредит | 1.504 | 2.200 | За да може да се отпочне со исплата на студентските стипендии и кредити потребно е да се усвои на Влада на РМ Програмата за унапредување и развој на дејноста на студентскиот стандард за 2007 година, а потоа и да се објави во “Службен весник на Република Македонија”. Осум дена од објавувањето, МОН ќе започне со исплатата како на новите корисници (од октомври до февруари- исплата за 5 месеци), така и за старите корисници (од ноември до февруари- исплата за 4 месеци). Исплатата на студентските стипендии и кредити за новите корисници ќе се врши преку Универзална Инвестициона Банка, а за старите корисници исплатата ќе биде преку банката со која и до сега соработувале.
|