Македонски Образование Високо

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Високо Образование Верзија за печатење

 

Согласно Законот за високо образоавние (Сл. весник на Р.М. бр. 64/2000) од 03.08.2000 година, високообразоавните установи во Република Македонија остваруваат додипломски, последипломски и докторски студии, континуирано образование и студии за надоградување, продлабочување или проширување на одделни знаења.

Додипломските студии на универзитет (факултет), согласно измените и доплонувањата на Законот за високо образование (Сл.весник на Р.М. бр. 44) од 25.07.2005 година, траат најмалку три, а најмногу пет години.

Додипломските студии на високите стручни школи траат најмногу три години.

Последипломските студии се организираат како последипломски научни, односно уметнички студии (магистарски студии) и последипломски стручни студии (специјалистички студии). Последипломските научни односно уметнички студии траат најмалку три семестри, од кои два семестри за настава и еден семестар за изработка на магистерскиот труд. Последипломските стучни студии траат девет месеци, од кои еден семестар за настава и три месеци за изработка на специјалистички труд.

Научен степен доктор на науки може да се стекне со докторски студии и одбрана на докторска дисертација или со пријавување и одбрана на докторска дисертација. Докторските студии траат најмалку две години. Додипломските и последипломските се организираат според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС). Во тек е постапка за донесување на нов Закон за високо образование согласно критериумите и принципите на Болоњската декларација.