|
Соопштение - свечено отворање на Меѓународниот Летен Универзитет |
|
|
04.07.2008 |
|
На 07.07.2008 година (понеделник), во 10.00 часот, во Амфитеатарот на Факултетот за Туризам при Универзитетот „Св. Климент Охридски"- Охрид, Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити ќе присуствува на свеченото отворање на Меѓународниот Летен Универзитет во Република Македонија 2008. Се покануваат сите медиуми. Одделение за односи со јавност
|
|
СООПШТЕНИЕ за бројот на пријавени, запишани ученици и слободни места во средните училишта во Република Македонија по првиот уписен рок во двете пријавувања за учебната 2008-2009 година |
|
|
03.07.2008 |
|
Второто пријавување во првиот уписен рок во средните јавни училишта во Република Македонија во кои имаше слободни места се реализираше на 1 и 2 јули 2008 година. За вкупно 16.139 слободни места се пријавија 5597 ученици. Од извештаите за бројот на пријавени, запишани ученици како и бројот на слободни места за вториот уписен рок, од средните училишта добиени се следниве податоци: |
|
Повеќе...
|
|
Соработка за промоција на награди за иновативните умови за младите Европјани |
|
|
01.07.2008 |
|
Министерството за образование и наука ги информира училиштата дека Чешка организира натпревар за учениците од средните училишта во наука и технолошки дисциплини. Натпреварот опфаќа пет дисциплини: - ИЦТ
- Здравје и квалитетен живот
- Животна средина
- Производство и Технолошки иновации
- Дизајн и архитектура
Сите потребни информации ќе ги најдете веб страницата www.innovatingminds.eu или www.ceskahlava.cz. Краен рок за пријавување е 10 септември 2008 година. Свечената церемонија ќе се одржи во Прага во октомври 2008 година. |
|
Соопштение за приемот на Република Македонија за полноправна членка на ЕУРЕКА Иницијативата |
|
|
19.06.2008 |
|
На Министерската конференција на ЕУРЕКА 2008, која се одржа на 6 јуни во Љубљана, беше потврден приемот на Република Македонија за полноправна членка на ЕУРЕКА Иницијативата. Конференцијата ја отвори Јанез Јанша, Премиер на Република Словенија, а збор зедоа и Јанез Поточник, Еврокомесар за наука и истражување и Мојца Куцлер Долинар, Министер за високо образование, наука и технологија на Република Словенија. Меморандумот за разбирање во име на Владата на Република Македонија и Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити, го потпиша проф.др Јован Лазарев, Заменик министер за образование и наука. |
|
Повеќе...
|
|
Известување за посета на министерот Рушити во СГУ “Гостивар“ |
|
|
11.06.2008 |
|
Утре, 12.06.2008 година (четврток), во 09:00 часот, Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити ќе биде присутен во средното гимназиско училиште "Гостивар" во Гостивар по повод на реализирањето на првиот екстерен испит на државна матура. Се покануваат сите медиуми. Одделение за односи со јавност |