Македонски Односи со јавност Донесен Законот за образование на возрасните

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Донесен Законот за образование на возрасните Верзија за печатење
13.02.2008

Владата на Република Македонија, во согласност со своите заложби за подигање на квалитетот на живеењето на граѓаните, подобрување на нивото на нивното образование, а со тоа зголемување на можности за нивно вработување и мобилност во работата и животот, во својат програма за работа го зацрта донесувањето на Законот за образование на возрасните и вооспоставување на систем на образование на возрасните.

Со Законот за образование на возрасните ќе се намали стапката на неписменост кај возрасните, ќе се содадат услови за стекнување на знаења, вештини и вредности од страна на возрасните кои се бараат на пазарот на трудот, зголемување на можностите за образовен избор, како и образование и обука кои се прилагодени на динамичните промени во стопанството.

Надлежни за спороведување на Законот за образование на возрасните се:

  • Министерството за образование и наука,
  • Министерството за труд и социјална политика,
  • единиците на локалната самоуправа,
  • коморите на работодавачите,
  • синдикатот,

додека установи и институции кои може да реализираат образование на возрасните се:

  • училишта,
  • факултети,
  • универзитети,
  • специјализирани установи и
  • институции за образование на возрасните, невладини организации и индивидуални обучувачи.

Образованието на возрасните опфаќа формално образование на возрасните (основно, средно и високо) и истото е регулирано со посебните закони, и неформално образование на возрасните кое може да биде за описменување на населението, изучување на мајчин јазик и странски јазици, преквалификација, доквалификација, претприемништво и менаџмент, информациско-комуникациски технологии, креативно изразување и учество во културни и уметнички настани, зачувување и заштита на околината, посебни социјални вештини, основни ознавања од науката и технологијата и др. Овие програми се прилагодени на возраста, претходното стекнато образование, знаења и вештини на возрасните.

Средства за реализација на програмите за образование на возрасните се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, од општините и Градот Скопје, од самите учесници во овој вид на образование, од работодавачите, како и од програмите на Европската Унија од областа на образованието.

За обезбедување на транспарентнот при доделувањето на средствата, Владата на Република Македонија средствата кои ги утврдила како потребни за образование на возрасните ќе ги доделува врз основа на јавен конкурс, а на ист начин средствата ќе ги доделуваат и општините и Градот Скопје.

Од Законот за образование на возрасните се очекува да го одржи и зачува позитивниот и активен приод кон учењето на граѓаните од сите возрасти во текот на целиот живот. За таа цел Министерството за образование и наука ќе создаде позитивна атмосфера за континуирано учење и развој на сите популациски групи. Тоа подразбира зголемување на можностите за динамична соработка помеѓу образовните установи за возрасни и потребите кои произлегуваат од сферата на трудот и општествениот живот. Соработката меѓу образованието на возрасните, јавниот и приватниот сектор, невладините организации, општините и другите инволвирани ќе биде исклучително значајна за остварување на засилена образовна мобилност на возрасните.