Македонски Односи со јавност Соопштение за компјутеризација на училишта

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Соопштение за компјутеризација на училишта

Соопштение за активностите превземиени од Министерството за образование и наука за реализација на проектот „Компјутер за секое дете“ 

Сакаме да ја информираме  јавноста  дека Министерството за образование и наука ги има превземано сите потребни активности за целосна и успешна   реализација на проектот „Компјутер за секое дете“.

За поуспешна реализација на овој проект Министерството за образование и наука паралелно работи за подобрување на електрична и компјутерска исталација на училишта, обезбедување на интернет на основните и средните училишта, обезбедување на потребните клупи за компјутери и работи на креирање на дигитални содржини.

Имено, Министерството за образование и наука на 12.02.2008 година објави јавен оглас (бр.09/2008), за обезбедување на интернет услуги за сите улилишта на Република Македонија. Македноските телекомуникации веќе работат на инсталација на електрична и компјутеска мрежа на училиштата, која е донација на Македноски телекомуникации. Во најкус можен рок ќе се објави јавен оглас за адаптација на клупите за компјутерите.

Сите компјутери кои беа предвидени се пристигнати и соодветно складирани, така што нивната инсталација ќе се изврши по релиазција на горе наведени активности.