Македонски Односи со јавност Известување за присуство на Министерот на 14-тата заедничка средба на CEEPUS Министрите

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Известување за присуство на Министерот на 14-тата заедничка средба на CEEPUS Министрите Верзија за печатење
29.02.2008

Денеска, на 29-ти Февруари 2008 година во Софија, Република Бугарија ќе се одржи 14-тата заедничка средба на CEEPUS министрите. Домаќин на овогодишната средба е Министерот за образование и наука на Република Бугарија. На истата учество ќе земат CEEPUS министрите од земјите потписнички  на CEEPUS II Договорот, меѓу кои и министерот за образование и наука на Република Македонија г-дин Сулејман Рушити.

Работниот наслов на оваа средба е Од размена до истражување II” , што претставува подготовка за CEEPUS III проектот.

Тема на оваа средба ќе биде и   усогласувањето на деталите во однос на ревизијата и продолжувањето на CEEPUS II Договорот, кон којшто Република Македонија пристапи во ноември  2005 година, заедно со земјите од Централна и Југоисточна Европа. Од тогаш во рамки на Министертството за образование и наука функционира Националната CEEPUS канцеларија.