Македонски Односи со јавност Избор од дневен печат

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Избор од дневниот печат
кредити и стипендии Верзија за печатење
16.10.2007

Конкурс за кредити и стипендии                     

Студентите од државните и приватните универзитети од вчера можат да конкурираат за студентски кредит или стипендија, соопшти Министерството за образование. Оваа година, студентите за прв пат ќе можат да аплицираат електронски со што, како што информираа од Министерствто, ќе се елиминираат сите можни неправилности при распределбата на студентските кредити и стипендии.Студентите ќе можат да аплицираат до 5 ноември на веб страницата на Министерството за образование и наука.
Министерството за образование ќе додели 1.360 стипендии и кредити за студентите кои студираат на државните универзитети и 240 стипендии и кредити за студентите од приватните универзитети. 

Вечер, 16.10.2007

 
ДИРЕКТОРИ НА УЧИЛИШТА ГО ПОЗДРАВУВААТ ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ ЗА ПОМОШ НА ШКОЛИТЕ Верзија за печатење
16.10.2007

ДИРЕКТОРИ НА УЧИЛИШТА ГО ПОЗДРАВУВААТ ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ ЗА ПОМОШ НА ШКОЛИТЕ
 

Без добри клупи и санитарии паѓаме на испитот

Директори на училиштата го поздравуваат владиниот проект за поправка на санитарните јазли во школите што се во катастрофална
состојба и набавка на нови клупи за што од државниот буџет ќе се
одвојат 6,5 милиони денари. Велат, ова ќе биде од особено значење за учениците, бидејќи навистина со години наназад санитарните
јазли се вистинки хорор за нив, а инвентарот поминал бројни генерации и неопходно е да се смени. Тие предупредуваат ако нема добри санитарни јазли, добри клупи и да ги добијат компјутерите во училиштата, ќе паднат на испитот.

- Се качуваме некаде, а немаме темел. Во оваа смисла, гестот на владата за новите клупи и реконструкцијата на санитарните јазли е за поздравување. Многу не израдува веста, па му честитав на министерот
за образование Сулејман Рушити. По 50 години колку што ни се стари
училиштата, дури не се ни помислувало да се вложи во санитарните јазли, вели Нада Молеровиќ, директор на ОУ "Димитар Миладинов"
во Скопје и претседател на Здружението на директори на основни
училишта.

Повеќе...
 
<< Почеток < Назад 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Повеќе > Крај >>

Страница 1 од 10