Конкурси

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Министерство за Образование и Наука
РИТСУМЕИКАН Азискo Пацифичкиот Универзитет нуди можност за студирање на основа на самофинаннсирање и стипендирање за академската 2009/2010 PDF E-mail
  
11.09.2008

РИТСУМЕИКАН Азискo Пацифичкиот Универзитет од Оита, Јапонија е основан во 2000 година и е еден од најпрестижните непрофатибилни образовни институции, чии фундаментални цели се да биде институција каде кандидатите од цел свет ќе се здобијат со неопходните таленти и вештини за да придонесат за иднината на човештвото. За да одговорат на барањето за високо специјализиранo последипломско образование во Азиско Пацифичкиот регион; АПУ основаа две меѓународни групи на завршени студенти во 2003 г., кој веќе се подготвени да се вклучат во идниот развој на академски дисциплини на последипломско ниво и да негуваат личности намери посветени за подобра иднина на нашиот свет.

АБУ нуди последипломски програми на англиски јазик со разновидност на предмети за надминување на секојдневните реални ситуации и проблеми.

РИТСУМЕИКАН Азиски Пацифички Универзитет од Оита, Јапонија нуди програми за запишување на студенти на:

  • Школата за менаџмент- Магистер за бизнис администрација и
  • Школата за азиско пацифички студии – Магистер/Доктор на науки по азиско пацифички студии и Магистер за меѓународна политика

Условите, критериумите и начинот за добивање за стипендии е достапен на веб страницата на АПУ: www.apu..ac.jp/graduate или на контакт:

Admissions Office, Ritsumeikan Asia Pacific University
Telephone +81-977-78-1119 Fax +81-977-78-1121
E-mail: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it

Брошури за програмска настава на РИТСУМЕИКАН Азиски Пацифички Универзитет од Оита, Јапонија се достапни и во Министерство за образование и наука, бул. “Илинден” б.б. соба 546, Скопје.

Last Updated ( 11.09.2008 )
 
КОНКУРС за одобрување и издавање на учебници за V-то одделение (изборни предмети) во осумгодишно основно образование PDF E-mail
  
10.09.2008

Врз основа на член 80-в став 2 од Законот за основното образование (“Службен весник на Република Македонија” бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 63/2004, 82/2004, 55/2006, 113/2005, 35/2006, 70/2006 и 51/2007), Министерството за образование и наука, објавува

КОНКУРС
за одобрување и издавање на учебници за V-то одделение (изборни предмети) во осумгодишно основно образование

 

1. ОПШТИ УСЛОВИ

1.1. Нарачател: Министерство за образование и наука, Педагошка служба, ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

1.2. Предмет на Конкурсот: прибирање понуди за ракописи на учебници за одобрување и издавање на учебници за осумгодишно основно образование за V-то одделение.

РАКОПИСИ ЗА УЧЕБНИЦИ ЗА V-то ОДДЕЛЕНИ (ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ)  ЗА ОСУМГОДИШНО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ:

1. Запознавање со религиите;

2. Православна христијанска веронаука;

3. Исламска веронаука;

4. Католичка веронаука;

5. Веронаука-јудаизам;

6. Веронаука-евангелско-методистичка црка;

1.3. Конкурсот е јавен, отворен и анонимен. Авторството и сопственоста на одобрениот учебник се докажува со седмиот примерок на ракописот за учебник;

1.4. Ракописот за учебник се изработува во согласност со Концепцијата за учебник за основно образование, Наставните програми за наставните предмети во V-то одделение во осумгодишно основно образование во Република Македонија;

1.5. Право на учество на Конкурсот имаат сите автори на учебници и издавачи на учебници во Република Македонија, кои ги исполнуваат условите утврдени со закон;

1.6. Ракописот за учебник се доставува во 6 (шест) технички уредени примероци, изработени согласно Концепцијата за учебник за основно образование. Првата наставна тема во ракописот треба да е целосно дизајнирана;

1.7. Министерот од списокот на рецензенти определува лица кои го рецензираат ракописот на учебник;

1.8. Подготовката, печатењето, дистрибуцијата и продажбата на учебници е право и обврска на издавачот на учебникот, односно авторот на учебникот;

1.9. Издавачот, односно авторот на учебникот е должен за одобрените учебници да обезбеди превод и печатење на јазиците на заедниците на кои се изведува наставата во осовното образование;

1.10. Финансиските средства потребни за издавање и печатење на учебниците се обврска на издавачот, односно авторот на учебникот;

1.11. Дистрибуцијата на учебниците за V-то одделение во осумгодишно основно образование треба да отпочне 10 дена по издавањето на учебникот.

2. РОКОВИ

2.1. Рок за доставување на ракописите за учебници е заклучно со 05.09.2008 година.

2.2. По одобрувањето на ракописот, издавачот, односно авторот е должен да го издаде учебникот во рок од 30 дена по добивањето на решението.

3. КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

3.1. Конкурсната документација може да се преземе во просториите на Министерство за образование и наука – Педагошка служба ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

3.2. Конкурсната документација содржи: Наставни програми за V-то одделение во осумгодишно основно обртазование за кои треба дасе изготват ракописи за учебници, Концепција за учебник за основно образование и извадок од Законот за основно образование.

4. ДОСТАВУВАЊЕ НА РАКОПИСИТЕ

4.1. Понудитте за ракописите за учебници се доставуваат препорачано по пошта или со предавање во Архивата на Министерството за образование и наука-Педагошка служба, ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

4.2. На предната страна на пратката, во горниот лев агол, треба да биде назначено ‘НЕ ОТВАРАЈ’ и ‘КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИ, насловот на ракописот за учебник, одделение, а во средината адресата: МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА- ПЕДАГОШКА СЛУЖБА, ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

4.3. Издавачите односно авторите на учебници, во доставениот пакет во затворен плик на кој  пишува “НЕ ОТВАРАЈ” треба да достават:

- Име на издавачот, потврда дека против издавачот не е поднесена стечајна постапка заверена од надлежен орган, име и презиме на авторите и уверение или дополома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат. Овој плик се отвара по донесување на решение за одобрување и употреба на учебниците, во присуство на издавачите односно авторите на денот на отварањето на Конкурсот.

4.4. Материјалите под точка 4.2. и 4.3. се доставуваат во затворен пакет на кое е запишано само ‘КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИК’ и името на учебникот, адреса – Министерството за образование и наука – Педагошка служба, ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

4.5. Еден издавач, односно автор/и може да конкурира со повеќе ракописи за учебници за еде наставен предмет, но пакувањето се врши за секој ракопис одделно.

5. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

5.1. Понудите за ракописи на учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и оние кој не се изработени согласно со условите на овој Конкурс, нема да се разгледуваат.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Last Updated ( 10.09.2008 )
 
КОНКУРС за одобрување и издавање на учебници за III -то одделение (изборни предмети) во деветгодишно основно воспитание и образование PDF E-mail
  
10.09.2008

Врз основа на член 80-в став 2 од Законот за основното образование (“Службен весник на Република Македонија” бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 63/2004, 82/2004, 55/2006, 113/2005, 35/2006, 70/2006 и 51/2007), Министерството за образование и наука, објавува

КОНКУРС
за одобрување и издавање на учебници за III -то одделение (изборни предмети)  во деветгодишно основно воспитание и образование

 

1. ОПШТИ УСЛОВИ

1.1. Нарачател: Министерство за образование и наука, Педагошка служба, ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

1.2. Предмет на Конкурсот: прибирање понуди за ракописи на учебници за одобрување и издавање на учебници за деветгодишно основно воспитаие и образование за III-то одделение (изборни предмети).

РАКОПИСИ ЗА УЧЕБНИЦИ ЗА III-то ОДДЕЛЕНИ (ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ)  ЗА ДЕВЕТГОДИШНО ОСНОВНО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ:

1. Јазик и култура на Ромите (изборен предмет);

2. Јазик и култура на Власите (изборен предмет);

3. Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет);

1.3. Конкурсот е јавен, отворен и анонимен. Авторството и сопственоста на одобрениот учебник се докажува со седмиот примерок на ракописот за учебник;

1.4. Ракописот за учебник се изработува во согласност со Концепцијата за учебник за основно образование, Наставните програми за наставните предмети во III-то одделение во деветгодишно основно воспитание и образование во Република Македонија;

1.5. Право на учество на Конкурсот имаат сите автори на учебници и издавачи на учебници во Република Македонија, кои ги исполнуваат условите утврдени со закон;

1.6. Ракописот за учебник се доставува во 6 (шест) технички уредени примероци, изработени согласно Концепцијата за учебник за основно образование. Првата наставна тема во ракописот треба да е целосно дизајнирана;

1.7. Министерот од списокот на рецензенти определува лица кои го рецензираат ракописот на учебник;

1.8. Подготовката, печатењето, дистрибуцијата и продажбата на учебници е право и обврска на издавачот на учебникот, односно авторот на учебникот;

1.9. Издавачот, односно авторот на учебникот е должен за одобрените учебници да обезбеди превод и печатење на јазиците на заедниците на кои се изведува наставата во осовното образование;

1.10. Финансиските средства потребни за издавање и печатење на учебниците се обврска на издавачот, односно авторот на учебникот;

1.11. Дистрибуцијата на учебниците за III-то одделение во деветгодишно основно воспитание и образование треба да отпочне 10 дена по издавањето на учебникот.

2. РОКОВИ

2.1. Рок за доставување на ракописите за учебници е заклучно со 10.09.2008 година.

2.2. По одобрувањето на ракописот, издавачот, односно авторот е должен да го издаде учебникот во рок од 30 дена по добивањето на решението.

3. КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

3.1. Конкурсната документација може да се преземе во просториите на Министерство за образование и наука – Педагошка служба ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

3.2. Конкурсната документација содржи: Наставни програми за III-то одделение во деветгодишно основно воспитание и образование за кои треба дасе изготват ракописи за учебници, Концепција за учебник за основно образование и извадок од Законот за основно образование.

4. ДОСТАВУВАЊЕ НА РАКОПИСИТЕ

4.1. Понудитте за ракописите за учебници се доставуваат препорачано по пошта или со предавање во Архивата на Министерството за образование и наука-Педагошка служба, ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

4.2. На предната страна на пратката, во горниот лев агол, треба да биде назначено ‘НЕ ОТВАРАЈ’ и ‘КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИ, насловот на ракописот за учебник, одделение, а во средината адресата: МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА- ПЕДАГОШКА СЛУЖБА , ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

4.3. Издавачите односно авторите на учебници, во доставениот пакет во затворен плик на кој  пишува “НЕ ОТВАРАЈ” треба да достават:

- Име на издавачот, потврда дека против издавачот не е поднесена стечајна постапка заверена од надлежен орган, име и презиме на авторот/ите и уверение или дополома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат. Овој плик се отвара по донесување на решение за одобрување и употреба на учебниците, во присуство на издавачите односно авторите на денот на отварањето на Конкурсот.

4.4. Материјалите под точка 4.2. и 4.3. се доставуваат во затворен пакет на кое е запишано само ‘КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИК’ и името на учебникот, адреса – Министерството за образование и наука – Педагошка служба, ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

4.5. Еден издавач, односно автор/и може да конкурира со повеќе ракописи за учебници за еде наставен предмет, но пакувањето се врши за секој ракопис одделно.

5. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

5.1.   Понудите за ракописи на учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и оние кој не се изработени согласно со условите на овој Конкурс, нема да се разгледуваат.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Last Updated ( 10.09.2008 )
 
КОНКУРС за пријавување на кандидати за подготовка за полагање на испит за директор на основно и јавно средно училиште E-mail
  
02.09.2008

Врз основа на член 4 од Правилник за постапката и начинот на полагањето на испитот за директор на основно училиште, како и формата и содржината на уверението (,,Службен весник на Република Македонија,, број 36/2005) и член 4 од Правилник за постапката и начинот на полагањето на испитот за директор на средно училиште, како и формата и содржината на уверението (,,Службен весник на Република Македонија,, број 36/2005), Министерството за образование и наука - Комисија за полагање на испит за директор на основно и средно училиште, објавува

 

КОНКУРС
за пријавување на кандидати за подготовка за полагање на испит за директор на основно и јавно средно училиште

 

Министерството за образование и наука - Комисија за полагање на испит за директор на основно и средно училиште објавува дека од 1 септември заклучно со 12 декември 2008 година трае пријавувањето на кандидатите за подготовка за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште.

На овој конкурс може да се пријават сите кандидати кои ги исполнуваат условите за директор на основно, односно средно училиште утврдени во Законот за основното образование, односно во Законот за средното образование.

Кон пријавата кандидатот треба да приложи:

  1. Диплома за завршено соодветно образование (оригинал или копија заверена на нотар);
  2. Потврда за работно искуство во воспитно-образовна дејност во установи верифицирани од Министерството надлежно за образование и наука;
  3. Уверение за стекната педагошко-психолошка и методска подготовка (ако кандидатот има стекнато образование на ненаставнички факултет или ненаставна група на факултет)
  4. Кратка работна биографија (резиме, curriculum vitae) и
  5. Лекарска потврда за психофизичката состојба на кандидатот. 

На сите кандидати кои ги исполнуваат условите за подготовка за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште ќе им се издаде потврда со која ќе можат да се пријават во акредитираните установи за подготовка за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште.

Пријавата со документацијата се доставува по пошта или директно во архивата на Комисија за полагање на испит за директор на основно и средно училиште чие седиште е во Министерството за образование и наука, ул. ,,Димитрија Чуповски,, бр. 9 Скопје.

Некомплетните документи и пријавите кои ќе пристигнат по рокот утврден во овој конкурс нема да се земат во предвид.

потребни документи:


молба за полагање на испит за директор
пријава за подготовка за кандидат за директор
жиро сметка за испит за директор и за издадена потврда

Last Updated ( 02.09.2008 )
 
Стипендии “Еуџен Јонеску“ за 2008/2009 год. за докторанти и истражувачи од земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонија E-mail
  

 

Стипендиите “Еуџен Јонеску“ за 2008/2009 год. ги доделува Универзитетската агенција на франкофонија на Романија а сенаменети за  докторанти и истражувачи од  земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонија.

Конкурсот за пријавување е отворен од 21 јули 2008 год., а краен рок за поднесување на документите, во Регионалната Канцеларија на УАФ за централна и источна Европа со седиште во Букурешт, е 20 септември 2008 година.

Услови за учество на конкурсот:

- да се франкофони;

- да се редовно запишани на докторски  студии на  Универзитетите во Р. Македонија -членки на УАФ;

- да не се постари од 40 години на датумот на повикот за конкурирање;

- да изберат тематското подрачје кое  се наоѓа на листата на предложени подрачја;

- да дадат  писмено образложување на  мотивацијата;

- да изберат институција домакин во Романија;

- да  ги приложат  сите барани документи (во член 7) : опис на проектот за истражување, дипломи, признанија и др.;

- да ги достават кандидатурите со сите потребни документи најдоцна до 20 септември 2008 год на следнава адреса:

Bureau Europe centrale et orientale
1, rue Schitu Magureanu
Local de l'Université de Bucarest
050025 Bucarest
ROUMANIE
Téléphone: +40 21 312 12 76
Télécopie: +40 21 312 16 66
Courriel: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it
Toile: www.europe-centrale-orientale.auf.org

За подетални информации отворете ја web страницата: www.auf.org/regions/europe-centrale-orientale/appels-d-offres/bourses-de-recherche-doctorale-et-de-post-doctorat-eugen-ionescu-appel-international-a-candidatures-2008/2009.html

 
<< Почеток < Назад 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Повеќе > Крај >>

Страница 1 од 12