Конкурси arrow Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2008/2009 година

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел:++389(2)3117-277
факс:++389(2)3118-414
e-mail: contact@mofk.gov.mk

Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2008/2009 година Верзија за печатење
04.04.2008

 

Врз основа на член 27 од Законот за ученички стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05), Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за прием на ученици во јавните ученички домови во
Република Македонија за учебната 2008/2009 година

 

Во учебната 2008/2009 година во јавните ученички домови ќе се примаат на сместување и исхрана 2.273 ученици од средното образование, кои учат надвор од местото на живеење и тоа во следните домови:

 

Реден број
УЧЕНИЧКИ ДОМ
ОПШТИНА
Расположив капацитет-вкупно легла
1
"Здравко Цветковски"
Скопје
320
2
"Д-р Панче Караѓозов"
Скопје
105
3 "Мирка Гинова"
Битола
270
4"Борко Менков"
Крива Паланка
60
5 "Ванчо Питошевски"Охрид 105
6"Професор Мијалковиќ"
Куманово 120
7"Митко Пенџуклиски"
Кратово
80
8"Браќа Миладиновци"
Струга
150
9"Здравко Чочковски"
Дебар
60
10"Димитар Влахов"
Струмица
70
11"Лазар Лазаревски"
Велес
160
12"Крсте Мисирков"
Кавадарци
180
13"Кочо Рацин"
Свети Николе
128
14"Св. Наум Охридски"
М. Брод
60
15"Димитар Влахов"
Скопје
90
16"Партение Зографски"
Скопје
140
17"Св. Наум Охридски"
Скопје
75
18"Искра"
Штип
100

 

1. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ ИМААТ:

Редовни ученици кои учат во училиштата за средно образование и кои редовно ја запишале наредната година на образование.

Предност при приемот во јавните ученички домови имаат учениците кои во текот на претходното образование покажале подобар успех, добро поведение и кои не повторувале година.

Учениците кои престојувале во претходната година и кои го почитувале куќниот ред на домот, а со својот пример придонеле за чување на имотот со кој располага домот, при еднакви услови, имаат предност при приемот.

За кандидатите кои прв пат конкурираат во домот, предност имаат учениците од прва година, а потоа од втора, трета и четврта година.

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  1. Молба
  2. Потврда од училиштето дека е редовен ученик во учебната 2008/2009 година;
  3. Препис од свидетелство за завршен клас од претходната учебна година;
  4. Изјава од родителот-старателот на кандидатот за семејната положба на домаќинството (со Изјавата приложува потврда за личните примања на вработените членови во семејството);
  5. Медицинска белешка за здравствената состојба на ученикот;
  6. Договор со родителот-старателот за користење на услугите во домот.

Потребните документи-обрасци за учество на Конкурсот можат да се добијат во јавните ученички домови (за точките 1,4 и 6).

Учениците кои престојувале во претходната година (стари корисници) молбите треба да ги достават најдоцна до 30.06.2008 година во јавните ученичкиот дом каде бараат сместување.

Кандидатите, кои прв пат конкурираат, потребните документи треба да ги достават во ученичкиот дом каде бараат сместување од 01.07.2008 година до 10.07.2008 година.

Доколку слободните капацитети во јавните ученички домови не се пополнат и заради економска оправданост, конкурсот останува отворен за пополнување на слободните места со студенти.

Резултатите од Конкурсот ќе се објават на огласната табла на домот во рок од 5 дена од завршувањето на конкурсните рокови.

Вселувањето на примените ученици ќе се врши од 31 август 2008 година.

 

Бр. 16-2779/1
31 март 2008 год.
Скопје

 

 


           МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ
И НАУКА
 

 

      
МИНИСТЕР,
Сулејман Рушити