Активности на Министерството

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Министерство за Образование и Наука
Светскиот ден на учителот одбележан со свечена академија PDF Верзија за печатење E-mail
  
07.10.2008

Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат на вработените во образованието, науката и културата СОНК денеска со свечена академија го одбележаа Светскиот ден на учителот. Образованието и учителите во Македонија играат исклучително важна улога во подигањето на младите личности, зголемувањето на знаењето и промовирањето на вистинските вредности, истакна во обраќањето премиерот Никола Груевски, кој е покровител на Академијата.

прочитај повеќе...


Last Updated ( 07.10.2008 )
 
Покана PDF Верзија за печатење E-mail
  
04.10.2008

Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука во соработка со СОНК ги известува сите граѓани дека на 05 Октомври 2008 година по повод Светскиот ден на учителот, ќе се одржи Свечена Академија во Универзалната сала во Скопје во 15.30 часот под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски.

прочитај повеќе...


Last Updated ( 04.10.2008 )
 
Обраќање на заменик министерот за образование и наука, Линдита Ќазими, во промоција зелен пакет - образование на одржлив развој во основните училишта во Република Македонија PDF Верзија за печатење E-mail
  
03.10.2008

Почитувани присутни, дами и господа
Почитуван  г. др. Алоис Краут, амбасадор на Република Австрија во Република Македонија

Ми претставува задоволство што  вечерва можам да  учествувам  на заокружувањето  на пројектот Зелен Пакет-образование на одржлив развој во основните училишта во Република Македонија, пројект  кој  успешно се  реализира од страна на Региноналниот Центар за заштита на животната средина во соработка  и со финансирање на  Австриската влада преку Австриската Соработка за Развој.

Проектот  кој што беше реализиран  во периодот мај 2006 до септември 2008 година, вој кој нашите австриски партнери дадоа финансиска подршка, и ние им се заблагодариме,  бидејќи  овозможија  подобрување на условите за работа во нашите основни училишта.

прочитај повеќе...

Last Updated ( 03.10.2008 )
 
Учество на претставници на министерството за образование и наука на 52-то Заседание на Генералната конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена PDF Верзија за печатење E-mail
  
03.10.2008

Во периодот од 29 септември до 3 октомври 2008 година, во Виена (Австрија) се одржа 52-то Заседание на Генералната конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). На конференцијата учествуваше делегација на Република Македонија, предводена од Државниот секретар на министерството за образование и наука на Република Македонија, г-дин Дарко Митевски.

Во работата на конференцијата свој настап имаше Државниот секретар на министерството, г-дин Дарко Митевски, кој се осврна на значењето на соработката на Република Македонија со МААЕ, во поглед на постигнувањето на потребниот степен на радиоциона сигурност од страна на Република Македонија во согласност со меѓународните стандарди. Во поглед на напорите на меѓународната заедница за обезбедување на колективна безбедност беше истакнато дека, Република Македонија пристапи кон обврзувачките правни инструменти и ги вгради во националното законодавство за оваа област.

прочитај повеќе...

Last Updated ( 03.10.2008 )
 
Соопштение на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола PDF Верзија за печатење E-mail
  
03.10.2008

Почитувани,

Универзитетот Св Климент Охридски - Битола Ве известува дека почетокот на новата академска година успешно се реализира на седумте факултети Техничкиот во Битола, Економскиот во Прилеп, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Педагошкиот во Битола, Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола, Факултетот за биотехнички науки  Битола ,Факултетот за безбедност во Скопје и Високата медицинска школа во Битола.

Исто така Ве  известуваме дека, Владата и Универзитетот ги реализираат завршните подготовки за успешно започнување со работа на двата нови факултети  во академската 2008/2009 година на кои што наставата ќе започне во втората половина на овој месец. Запишаните студенти навремено ќе бидат известени за точниот датум за започнување со наставата на Технолошко-техничкиот во Велес и Правниот факултет во Кичево.

На Универзитетот Св Климент Охридски -Битола во двата уписни рока запишани се околу 2800 студенти. Пријавувањето за пополнување на слободните места во  третиот уписен рок  ќе се реализира на 6-ти октомври.

Со срдечна благодарност и почит,
Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

Извор: Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

Last Updated ( 03.10.2008 )
 
<< Почеток < Назад 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Повеќе > Крај >>

Страница 1 од 10