|
Соопштение за потпишување меморандум со UNICEF |
|
|
13.03.2008 |
|
Денеска ( 13.03.2008) Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити потпиша Меморандум за реализација на проектот „Квалитетно и релевантно образование„ со Директорката на УНИЦЕФ, Г-ѓа Hongwei Gao.
Основната цел на проектот е обезбедување на еднаков пристап до квалитетни основни услуги за социјално исклучени групи. Очекуваните резултати од овој петгодишен договор за соработка е усвојување и примена на политики за вкулчување на секое дете во училиштата и за елиминрање на половите разлики.
Со помош на овој проект ќе се зајакнат капацитетите на јавните институции, локалните власти и заедници за обезбедување на основни социјални услуги и подобрување на животот на социално исклучените преку стимулирање на развој во заедниците. Овој проект Министерството за обраозавние и наука ќе го подржи во тековните активности за реформа на образовниот систем во државата особено во поглед на зголемување на опфатот за социјално исклучените деца и во воведување на стандарди за квалитетно и релевантно образование. Одделение за односи со јавност |