Активности на Министерството arrow Обраќање на Министерот за образобание и наука г-дин Сулејман Рушити

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел:++389(2)3117-277
факс:++389(2)3118-414
e-mail: contact@mofk.gov.mk

Обраќање на Министерот за образобание и наука г-дин Сулејман Рушити Верзија за печатење
06.03.2008

Почитувани,
 
Во моето лично име и во името на сите оние кои се протагонисти на образование сакам да им се заблагодарам на подршката на политиката за подигање  на образовното ниво на сите заедници кои ја сочинуваат нашата мултиетничка држава. Целта нa средното задолжително образование е целосна опфатеност на населението во образовниот процес, со што Република Македонија ќе го зголеми степенот на писменоста, ќе го зголеми квалитетот на млади кадри и ќе го намали јазот на писменоста и неписменоста  во државата, со што вооедно ќе се намали и сиромаштијата. Инвестициите во образоавнието се инвестиции за  подобра иднина.
 
Со средно задолжително образовaние, Министерството за образование и наука и јас лично како Министер на образование и наука сме  оврзани со Устав и со Закон да им обезбедиме на сите заедници кои живеат во Република Македонија, како просторни и кадровски, така и услови за следење на наставата на својот мајчин јазик што поблиску од нивните домови.
 
Јас се заложив и работам на реформскиот процес за интегрирањето на Република Македонија во евро-атланските структури. Имено, работам да и обезбедам на државата што поголем процент на образоавни кадри, кои кадри ќе бидат подготвени да испливат на површината на големиот домашен и европски пазар на трудот.
 
Мојата цел е јасна: сто процентна опфатеност во образовниот процес на сите заедници кои живеат во Република Македонија, обезбедување на сите неопходни услови на следење на модерна настава, поголем кавлитет, поголема толеранција на сите заедници кои ја сочинуваат државата, бидејќи секој има право и обврска да се образува и следење на европските
Tрендови.
 
На крајот сакам уште еднаш да ви се заблагодарам и вооедно да ве известам дека јас сум подготвен за соработка со сите оние протагонисити на образование. Токму поради оваа би сакал да ги замолам сите оние фактори кои можат да придонесат на реализција на овие цели да ни се придружат, сите заедно да ја надмнинеме ентичката нетолеранција, да ја засилиме нашата мултиетничка држава, со помош на сеопфатеност на воспитно образовниот процес.
 
Со почит,

МИНИСТЕР
Сулeјман Рушити